Слична одлука треба да донесе и Советот на Општина Пробиштип, по што ќе следи законска постапка за ликвидација и бришење на името на фирмата од Централниот регистар.
Иако се најавуваше како прв успешен проект за заедничко јавно претприајтие во Макеоднија , времето покажа дека очекувањата биле нереални. Кога во 2013 година се најавуваше неговото основање, беше речено дека општините Кочани и Пробиштип ќе ангажираат по двајца работници кои веќе ја поминале почетната обука за обврските што ќе ги извршуваат, а посетувале и дополнителната обука за користење и управување со новата опрема што пристигна во ски центарот.
Потребата од заедничкото јавно претпријатие “Пониква КП“ се наметна заради вршење работи што се од надлежност на општините, а се однесуваат на развојот на туризмот и управувањето со ски-центарот на Пониква, посебно откако со донација од МЕПСО беа набавени топовите за вештачки снег и беа осветлени скијачките патеки.
Сепак, откако е согледано дека се работи за премногу амбициозен план, заедничкото претпријатие сега ќе се ликвидира. Во меѓувреме тоа не направило нути приходи ниту трошоци, бидејќи во практика воопшто ни не работеше.
Единствената расходна ставка се трошоците што се платени за основање и регистрација и оние што сега ќе се платат за неговата ликвидација.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.