Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Се одржа локална конференција „Виница – општина посветена на децата“

автор: Т. Ајтовски
30 мај, 2024 11:45
во Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Се одржа локална конференција „Виница – општина посветена на децата“

Општина Виница денеска беше домаќин на локалната конференција „Виница – општина посветена на децата“ чија цел е да се промовира инклузивна и поддржувачка животна средина за најмладите, преку споделување на постојни позитивни практики за детско учество во општествената заедница.

Работната средба беше дел од проектот „Место за растење: Општини посветени на децата“ чии носители се Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и Центарот за семејно и детско згрижување КМОП од Скопје, а како гости учествуваа и претставници од општините Велес и Кисела Вода.

-Се работи за иницијатива којашто УНИЦЕФ ја имплементира на европско и светско ниво за да се доближи идејата за градови посветени на децата, а во која кај нас се вклучени пет пилот општини. Всушност, целта е да се креираат стратешки и акциски планови за општина Виница во кои ќе се вклучат барањата на младите. Веќе имавме работилници од кои можеме да заклучиме дека децата точно ги знаат нивните потреби и ги адресираат до Општината. Тие со нас споделија дека би сакале да имаат повеќе места за дружби и за прошетки, како и места за културно-уметнички активности, а еден од проблемите, како и во повеќе други општини, е решавањето на проблемот со уличните кучиња. Бараат и повеќе да се промовираат здравите навики и здравиот начин на живеење, препорачуваат да зајакне младинскиот активизам и да се назначи советник за детски права на ниво на општина, истакна Кристина Василеска, директорка на Центарот за семејно и детско згрижување КМОП.

За важноста на учеството на децата во процесите на носење одлуки во локалните средини се осврна претседателот на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, Драги Змијанац, при што пренесе досегашно искуство и идеи како општините можат да ги вклучат младите, а како главен проблем во Виница и регионот го истакна иселувањето во западноевропските земји.

Градоначалникот на Виница, Миле Петков нагласи дека општината е подготвена да помогне за сите прашања поврзани со децата и младите, особено во поглед на образованието и подобрување на условите во училиштата, креирањето Стратегија за децата, а при крај е постапката за оформување на Локален младински совет.

На конференцијата во Виница се разговараше и за грижата за менталното здравје на децата и младите, нивните активности во претшколска и школска возраст, како и за младинскиот активизам во руралните средини. Заклучоците од средбата ќе помогнат во изготвувањето локален стратешки план за унапредување на правата на децата и нивно вклучување во локалното планирање.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: децамладински активизамопштина виница

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Бојан Колишев го фати богојавленскиот крст потопен во Градечка Река во Виница
Регион

Бојан Колишев го фати богојавленскиот крст потопен во Градечка Река во Виница

автор: Т. Ајтовски
19 јануари, 2026 12:27
0

Чинот на потопувањето на светиот крст на празникот Водици во Виница се одржа на Градечка Река. Со пораки светлината и благословот на осветените води да донесат здравје, мир...

прочитај повеќе
Нов командир на Полициската станица ќе избира Советот на Општина Виница
Регион

Измамен виничанец му платил 7 илјади евра на лажен доктор за лекување на ќерката

автор: Администратор
9 јануари, 2026 11:03
0

Лице кое лажно се претставило како лекар успеало да измами повозрасен жител на Виница и да му земе околу 7 илјади евра во денарска противвредност, како надомест за...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 23, 2026 - пет
Кочани, MK
6°C
облаци
облаци
1 m/s, E
81%
754.56 mmHg
fri01/23 sat01/24 sun01/25 mon01/26 tue01/27
одвоени облаци
7/4°C
облаци
8/4°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
11/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?