Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Се подготвуваат проекти за изградба на објект за фитнес во дворот на училиштето во Зрновци и преуредување на училишната зграда во Видовиште

автор: Т. Ајтовски
28 февруари, 2025 16:17
во Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Се подготвуваат проекти за изградба на објект за фитнес во дворот на училиштето во Зрновци и преуредување на училишната зграда во Видовиште

Општина Зрновци е во напредна фаза со подготвката на проекти за подобрување на условите во образовните институции, а што треба да се реализираат во текот на оваа година.

На денешната седница на Советот на Општината, градоначалникот Борчо Коцев информираше дека активностите ќе се реализираат во ОУ „Синиша Стоилов“ во Зрновци, како и во објектот на подрачното училиште во Видовиште.

-Работиме на две значајни проектни задачи, од кои едната е за почнување на основен проект со ревизија за изградба на нов објект во училишниот двор, односно до спортската сала, со намена за теретана и фитнес вежби. Мислам дека некаде за два месеци ќе биде завршен тој основен проект и ќе видиме за средства, истакна Коцев.

Вториот проект на кој ќе се работи се однесува на изградба на нова зграда на местото на подрачното училиште во Видовиште, каде  е планиран и спортски терен, како и партерно уредување. Коцев нагласи дека се остварени контакти со Министерството за образование и со одлука што ќе треба да ја донесе општинскиот Совет по повеќе од десетина години нефункционирање на тоа училиште, ќе се добие соодветна намена на просторот кој е на атрактивна локација покрај пат.

– Наша обврска е да направиме инфраструктура, а потоа со дополнителни одлуки од Советот може да се направи преадаптација за користење на тој простор. Дали ќе остане образованието да менаџира, дали ќе направиме некоја нова локална институција или сето тоа ќе го изреализираме заедно со јавно- приватно партнерство, со услови коишто ние ќе му ги наложиме на тој партнер да ни овозможува услуги како за институциите, така и за сите жители. Бевме со проектант, видовме таму место каде што се одлага арско ѓубре од жителите. Инвестицијата можеби ќе биде 20 до 30 милиони денари, етапно ќе работиме, постојната зграда буквално тоа е, на еден начин терминолошки кажано од страна на архитектот и проектантот, рушевина каде што не може да се реконструира и надградува затоа што нема грам железо во самата градба. Подобро е на почетокот да се сруши и да се изгради сосема нова зграда и еден спортско рекреативен едукативен центар да имаме таму. Целта е да се привлекуваат посетители, рече Коцев.

Дополнително, градоначалникот информираше дека е поднесена апликација до Министерството за труд за доградба на детската градинка, што е прифатено и се очекува реализација од јуни. Ќе следи посета од проектанти и надзор од Светска банка, а се очекува да се добие нова целина којашто ќе овозможи нормално функционирање на вработените. Дополнително, ќе се добијат и две нови занимални за децата, со што ќе се зголеми капацитетот на градинката.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: општина зрновциоу „синиша стоилов“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Жителите на Блатец бараат итно раскинување на концесијата за мини хидроцентралата „Блатешница“: „Реката е живот, а не бизнис“
Регион

Жителите на Блатец бараат итно раскинување на концесијата за мини хидроцентралата „Блатешница“: „Реката е живот, а не бизнис“

автор: Т. Ајтовски
8 март, 2026 09:42
0

Месната заедница Блатец упати официјално барање до Владата, како и до Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и до Министерството за животна средина и просторно планирање за...

прочитај повеќе
Изложба „Спомени на едно време“ во Виница – предмети стари и над 150 години сведочат за традицијата
Култура

Изложба „Спомени на едно време“ во Виница – предмети стари и над 150 години сведочат за традицијата

автор: Т. Ајтовски
6 март, 2026 19:05
0

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, во Виница беше отворена уникатната изложба на стари предмети насловена „Спомени на едно време“. Настанот, кој привлече голем интерес...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 9, 2026 - пон
Кочани, MK
10°C
облачно
облачно
3 m/s, SE
64%
771.82 mmHg
mon03/09 tue03/10 wed03/11 thu03/12 fri03/13
облачно
11/7°C
облаци
14/6°C
чисто небо
15/6°C
чисто небо
16/7°C
чисто небо
15/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?