Ротари клубот Кочани-Виница ги реализира подготовките за организирање на третата урбана трка, што под називот Rotary run ќе се одржи на 14 април по улиците на Кочани.
Веќе е отворен повикот за пријавуивање на заинтерссирнаите учесници, при што се плаќа котизација од 600 денари за индивидуално, односно 1.000 денари за семејно учество. Во сумата е вклучен освежителен пакет, благодарница за донацијата и медал по завршувањето на трката.
Од Ротари клубот истакнуваат дека има интерес за учество, за што веќе се пријавени дваесетина учесници. Пријавувањето е електронски на официјаолната веб-страница https://rotaryclubkocanivinica.org/.
Како и во изминатите две години и овојпат ќе се трча на патеки со должина од 5 и 10 километри во индивидуална и 2,5 километри во семејна конкуренција. Освен тоа може да се уплати финансиска поддршка во висина од 600 денари, без обврска да се учествува во трката.
Една од главните цели на трката е да се промовира здрав начин на живеење, зачувување на животната средина и избегнување на користењето моторни возила колку што е можно и да им се даде поттик на младите дека може да се живее на здрав начин,
Собраните средства од Rotary run трката во Кочани ќе бидат донирани за хуманитарни цели. Со организарањето на трета трка по ред, се остварува најавата дека таа ќе прерасне во традиционална.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.