За санирање на внатрешноста на ОУ Малина Попиванова предвидени се 600 илјади денари со кои ќе се отстрануваат проблемите со електричната инсталација. Дел од парите ќе се вложат и за реконструкција на тоалетите, а како еден од приоритетите на кој ќе се работи во наредниот период е замената на котлите за парно греење.
Во ОУ „Свети Кирил и Методиј“ започната е постапката за санација на дел од кровната конструкција за десетина училници, со што, заедно со претходните интервенции, ќе биде реконструиран половина од покривот. Дополнително, претстои и замена на клупите во целото училиште.
Градежни работи за реновирање на тоалетите се изведуваат и во ОУ „Крсте Мисирков“ во Оризари, при што се заменува дотраената водоводна и канализациска инсталација и се поставуваат нови санитарни елементи. Во ОУ „Раде Кратовче“ во Кочани ќе се реконструира подот на училниците на првиот кат, а приоритет останува подобрувањето на условите за одржување на часовите по физичка култура.
За образовните институции во општината минатата година беше период на финансиска консолидација, а за годинава од Локалната самоуправа на Кочани најавија дека училиштата во целост ќе ги вратат долговите, со што ќе се отворат можности за нови инвестиции. Притоа, предност ќе имаат проектите за термофасади на училишните згради и за обновување на крововите.
T. Ajтовски
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.