Во општина Зрновци почна реконструкцијата на главниот доводен цевковод од водоснабдителниот систем за домаќинствата, како еден од највиталните комунални проекти чиј носител е Локалната самоуправа.
Од Општина Зрновци информираа дека се работи за специфична изведба со оглед на конфигурацијата и пристапноста на теренот.

Заради инсталирање на новите цевки кои ќе го имаат потребниот пречник и јачина за да дистрибуираат вода во трите населени места, ќе има прекин во водоснабдувањето. Домаќинствата во село Зрновци, јужно и западно од улицата „Илинденска“ ќе немаат вода во вторник и среда, на 20 и 21 мај.

За реконструкцијата на главниот цевковод се инвестираат 2,75 милиони денари, што Општината ги обезбеди од државниот буџет.
Со реализација на овој проект се решава повеќедецениски проблем за сите домаќинства, честите дефекти и прекини, како и вложувањето големи материјално-технички средства од КЈП “Водна кула” за досегашните санации, ќе бидат надминати.
Од Локалната самоуправа ги повикуваат граѓаните за разбирање и трпение за прекините во водоснабдувањето, додека траат градежните работи.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






