Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Се роди првото бебе во 2023 година во општина Зрновци, ќе добие поддршка од Локалната самоуправа

автор: Т. Ајтовски
5 октомври, 2023 10:03
во Регион
време на читање: 3 мин.
A A
Се роди првото бебе во 2023 година во општина Зрновци, ќе добие поддршка од Локалната самоуправа

Жителите на општина Зрновци конечно го дочекаа првото новороденче во 2023 година. На акушерското одделение при Општата болница со проширена дејност во Кочани се роди здраво машко бебе како петта рожба во семејството на Тања и Горан Атанасови, кои веќе имаат четири сина.

Градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев денеска ги посети новороденчето и мајката во болницата, им врачи цвеќе и подароци и најави голема помош и поддршка за семејството.

-Изразувам огромна благодарност до раководниот и акушерскиот медицински тим во болницата што овозможија породувањето да помине во најдобар ред. Со оглед што се работи за многудетно семејство во социјален ризик, нашата локална самоуправа, заедно со детската градинка „Бисерчиња“, ќе даде максимална поддршка. Бебето, кое ќе го носи името Мартин, ќе добие бесплатен петгодишен престој во градинката, потоа вредносен ваучер во висина од 50 илјади денари за потребните набавки од аптеките, а ќе спроведеме и процедура за доделување градежна парцела од 500 квадратни метри за изградба на нов дом за семејството. Четирите братчиња на новороденчето, кои се ученици во ОУ „Синиша Стоилов“, ќе добијат парична стипендија, истакна градоначалникот Коцев.

Поддршката што ја дава Општина Зрновци треба да биде пример и за останатите локални самоуправи во регионот во напорите за подобрување на условите за живот на младите брачни парови и во превенирање на опаѓањето на наталитетот.

Породувањето го извршил единствениот гинеколог со кој во моментот располага кочанската болница, а бебето се родило со тежина од околу 3,5 килограми и должина од 50 сантиметри.

-Имаше спонтано пораѓање што го извршивме заедно со дежурните акушерки, новороденчето беше со добар апгар тест, го прегледа педијатар и ја следи неговата здравствена состојба. Наскоро мајката и бебето ќе бидат пуштени дома, истакна Илчо Атанасовски, специјалист по гинекологија и акушерство во Општата болница.

Од раководството на Општата болница во Кочани го честитаа раѓањето на новиот жител на Зрновци и најавија дека се работи на кадровско подобрување и зајакнување на одделот за гинекологија и акушерство.

– Честитки за новороденчето на семејството од Зрновци, како и на Општината за поддршката што ја обезбедува. Правиме напори гинеколошко-акушерското одделение да се врати во што подобра состојба, за во средината на идната година очекуваме да се вратат од специјализација четири гинеколози, со што ќе имаме вкупно пет лекари. Се надевам дека одделението ќе го добие тој статус што го имаше и претходно, истакна Душанка Ѓоргиева Трпевски, директорка на Општата болница.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: новороденчеопшта болница со проширена дејност - кочаниопштина зрновци

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Бојан Колишев го фати богојавленскиот крст потопен во Градечка Река во Виница
Регион

Бојан Колишев го фати богојавленскиот крст потопен во Градечка Река во Виница

автор: Т. Ајтовски
19 јануари, 2026 12:27
0

Чинот на потопувањето на светиот крст на празникот Водици во Виница се одржа на Градечка Река. Со пораки светлината и благословот на осветените води да донесат здравје, мир...

прочитај повеќе
Нов командир на Полициската станица ќе избира Советот на Општина Виница
Регион

Измамен виничанец му платил 7 илјади евра на лажен доктор за лекување на ќерката

автор: Администратор
9 јануари, 2026 11:03
0

Лице кое лажно се претставило како лекар успеало да измами повозрасен жител на Виница и да му земе околу 7 илјади евра во денарска противвредност, како надомест за...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 24, 2026 - саб
Кочани, MK
7°C
облачно
облачно
2 m/s, E
93%
761.31 mmHg
sun01/25 mon01/26 tue01/27 wed01/28 thu01/29
облачно
11/7°C
слаб дожд
11/7°C
облачно
10/5°C
облаци
10/5°C
облаци
11/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?