Канал 8 ТВ
No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
No Result
View All Result
Канал 8 ТВ
No Result
View All Result

Се чека согласност од Советот за нови паркинг места на „Кеј на Револуцијата“

Од Т. Ајтовски
22 февруари, 2018
во Кочани
Време на читање:1 мин.
A A
Се чека согласност од Советот за нови паркинг места на „Кеј на Револуцијата“

Советот на Општина Кочани на седницвата в петок, меѓу другото ќе одлучува и по предлогот за измена на Планот за јавни набавки, во кој, покрај повеќето ставки влегува и планираната набавка за изградба на паркинг на „Кеј на Револуција“.

На потегот на „оваа улица, непосредно по мостот кај Шопинг-центарот дo Центарот за култура „Бели мугри“, Локалната самоуправа преку Одделението за уредување на градежно земјиште планира преуредување на простор со површина од околу 300 м2.

Според градоначалникот Илијев, тоа се прави поради измената на режимот на сообраќај на улиците „Кеј на Револуцијата“ и „Тодосија Паунов“ и воведувањето двонасочен сообраќај, заради што се јавила пзголемана потреба за паркирање на оваа сообраќајница.

Според предмерот ќе се врши ископ на асфалтно-бетонските површини, рабниците и земјата, по штоп ќе се направи тампонирање и ќе се постави нов асфалт со рабници. Илијев нагласува дека ќе нема уништување на зелените површини, односно дрвјата што веќе се засадени ќе останат на своите места.

Со цел да ги објасни и директно да им ја предочи актуелната состојба на оваа сообраќајница и планираните активности, Илијев, заедно со претставници на Советот излезе на терен.

Поради близината на шеталиштето покрај кејот на Кочанска Река и тротоарот од другата страна на „Кеј на Револуцијата“, оваа тротоарска површина со години наназад е малку искористена. Со овој проект се предвидуваат нови 22 паркинг места, од кое едно е за инвалидни лица. Ако Советот одлучи позитивно, за овој инфаструктурен зафат ќе бидат наменети 900 илјади денари.

T. Aјтовски

 

©2023 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Ознаки: кочанипаркинг
Сподели30Tweet19

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

За 100 отсто да поскапи паркирањето во Кочани ќе одлучува Советот на Општината
Кочани

За 100 отсто да поскапи паркирањето во Кочани ќе одлучува Советот на Општината

Од Т. Ајтовски
22 септември, 2023
0

Надоместокот што возачите го плаќаат за паркирање на возилата во централното градско подрачје на Кочани е меѓу најниските во државата, а според предлогот до Советот на Општината, наскоро...

Прочитај повеќе
Обука за менаџмент на човечки ресурси во рамки на Националната платформа за женско претприемништво
Кочани

Обука за менаџмент на човечки ресурси во рамки на Националната платформа за женско претприемништво

Од Т. Ајтовски
22 септември, 2023
0

Здружението на бизнис жени од Кочани ги продолжува активностите што се дел од локалните акции на Националната платформа за женско претприемништво. Во тие рамки денеска се одржа обука...

Прочитај повеќе
Sep 22, 2023 - Fri
Кочани, MK
31°C
12 km/h, SSW
29%
759.81 mmHg
ПЕТ09/22 САБ09/23 НЕД09/24 ПОН09/25 ВТО09/26
31/25°C
35/20°C
32/21°C
25/18°C
28/16°C
EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица.
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?