Трчањето го практикувам три години веќе бидејќи е добро за здравјето и за одржување на телото. Секој кој што сака да го истрча му се потребни подготовки, за почетник се потребни од 8 до 12 месеци да се подготвува во зависност од неговата упорност и издржливост. Јас трчам веќе три години но сепак ми беа потребни 4 месеци подготовка. Имаше доста силна конкуренција но еве и јас успеав да стигнам до целта и да истрчам 21 км, рече Симеон Симеонов.
Симеонов е ученик во 4. година во СОУ „Ѓошо Викентиев“ на насоката за компјутерска техника и автоматика. Своето школување по матурирањето сака да го продолжи на информатика програмирање, но вели дека од трчањето нема да се откаже, бидејќи е добро за здравјето и одлично делува на целиот организам, затоа и го препорачува на сите што сакаат да се занимаваат со спорт, трчањето да го практикуваат рекреативно. Симеонов на полумаратонот трчаше заедно со неговата сестра која што и таа стигна до целта и неговиот татко кој што го истрча целиот маратон од 42 км.
Инаку, на овогодишното 14-то издание на Скопскиот маратон беа пријавени рекорден број учесници над 10.000 од 58 земји, а главен промотор беше светската рекордерка Пола Ретклиф. Трката која се состоеше од маратон, полу-маратон, штафета и трка 5.000 метри, ја проследија огромен број граѓани, а како и секоја година, така и оваа имаше доста учесници и од Кочани.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=I1oVsN3H7ho
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.