-По најавата дека имаме земјотрес сите ученици за помалку од две минути го напуштија училиштето според планот за евакуација. Заради настанатиот пожар дојдоа и од ТППЕ – Кочани го изгаснаа пожарот и ги изнесоа на носила повредените ученици. Можам да кажам дека вежбата заврши успешно и голема благодарност до сите учесници како и до ТППЕ – Кочани и ОО на Црвен крст, рече Благој Давитков, директор на ОУ „Раде Кратовче“.
Од ТППЕ – Кочани рекоа дека со сите училиште организираат вакви симулациски вежби преку кои се утврдува колку училиштето е подготвено да реагира во случај на пожар или друга елементарна непогода. Вежбите се спроведуваат согласно планот за евакуација при несреќи и планот за работа на основните училишта.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.