Исто така, додава Захариев, и самата снежна покривка делува изолационо и придонесува за добра отпорност на самите растенија за да не дојде до нивно измрзнување. Инаку, агрономите со совет до земјоделците да ги прихранат житните култури.
– Секако дека нема да измрзнат бидејќи пченицата и јачменот издржуваат пониски температури и тоа пченицата до минус 20, јачменот до минус 12 степени, така што снегот е добредојден за овие култури. Сакам да истакнам дека за земјоделците сега е добро да ги прихранат житните растенија со азотни ѓубрива, значи препорачуваме ѓубрива со 46 процентен азот. Едно прихрануавње е потребно сега, а уште едно можат да извршат некаде крајот на март или почетокот на април, додаде Захариев.
Истото се однесува и за градинарските култури кои што се во подготовка на расад така што овие култури нема да бидат засегнати со евентуален проблем на измрзнување, додава Захариев.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=soCTrWfPSME
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.