Канал 8 ТВ
No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
No Result
View All Result
Канал 8 ТВ
No Result
View All Result

Советот бара да се изработат физибилити студии за гасификација и за геотермалната вода

Од Т. Ајтовски
14 декември, 2018
во Некатегоризирано
Време на читање:6 мин.
A A

Што се однесува до мерките, мерките кои што се предвидени се во ред, но не е назначено во Програмата кога тие мерки планирате да бидат преземени. Една од мерките е и контрола на оџаците на приватните станови кои користат дрва за огрев. Имајќи предвид дека 80 отсто од населението во општина Кочани се затоплува со користење дрва, во Програмата не наидов на некоја мерка со која што вие би го спречиле тоа, на кој начин би го подобриле, за луѓето да најдат некоја друга солуција за греење освен дрвата, и со тоа би се намалило загадувањето, рече Емилија Серафимова, член на Советот на Општина Кочани.  

Беше предложено за намалување на загаденоста на воздухот да се изработи физибилити студија за изградба на централно греење во градот, со можност за искористување на геотермалната вода. Таквиот документ би бил појдовна основа за аплицирање до европските и други меѓународни фондови за добивање помош за заштита на животната средина.

Ппановите и најавите за можна гасификација на Кочани, заедно со враќањето во игра на геотермалниот ресурс, според советниците е добра можност за избегнување на загадувањето на воздухот и околината, воопшто. 

– За да може поефикасно и поголем процент да се искористи од оваа енергија треба да се направи нова инсталација, со нови, пософистицирсни материјали за заштита од губењето на енергјата, за да можеме да ја користиме онака како што ни е дадена од природата. Да можеме да ја користиме за загревање на домовите, а во прва линија за загревање на јавните установи, бидејќи сега тие, колку што знаеме, се загреваат најмногу на нафта и на тврдо, цврсто гориво, дали дрво, дали јаглен, кои материјали испуштаат најмногу ПМ10 честички кои се мерат, но и оние пострашните, ПМ2,5 честички кои директно влијаат на здравјето на популацијата, рече Валентина Андонова, член на Советот на Општина Кочани.

Како дополнување на Програмата повторно беше потенцирана потребата од користење на природниот гас, за да се намали загаденоста на воздухот. 

– Се до оној момент, додека државата и ние како општина не дојдеме до гасификација и искористување на природниот гас за затоплување, за кој што знаете дека цела Европа зависи од него, тоа е голема политика, ние, верувале или не, ние ќе продолжиме да се труеме во она што ни се случува секојдневно. Ситуацијата е алармантна, страшна во Скопје, страшна во Тетово, страшна во Кочани, трет град по загаденост, кој, верувајте, ние сме лекари и претседателот на Советот е медицинско лице, лекар хирург, знае дека, меѓу другото, и во Комисијата за здравство побаравме да бидат ставени и оние болести, не само заразните болести, туку и незаразни, хронични болести кои што од ден во ден имаат страшни, поразителни резултати, особено карциноми на бели дробови, карциноми на простата, дојка и да не сборам други работи, рече Лазо Митев, член на Советот на Општина Кочани.

– Моментално се работи на магистралниот пат Штип – Кочани, мислам дека вие сите сте упатени во тоа, и се разговара во истиот момент да бидат имплементирани и приклучоците за линиите, се со цел побрзо гасот да дојде со цевковод до нашата општина. Меѓутоа, и едн друга работа морам да спомнам, дека и гасот е веќе со повисока цена од претходно, значи дека е и малку понеатрактивен  за инвеститорите кои би се вклучиле  во овој процес, бидејќи станува збор за енормно високи средства, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

По дискусиите се премина на гласање, при што советниците со 11 гласа “за“ го усвоија предлогот за изработка на физибилити студија за искористување на геотермалната вода. Исто така, со 14 гласа “за“ помина и предлогот за физибилити студија за гасификација, по што Програмата за заштита на животната средина за наредната година доби зелено светло и се усвои.

Т. Ајтовски 

 

 

{fshare}

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 
https://www.youtube.com/watch?v=4L14Xh4S4FM

{backbutton}

©2023 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Сподели30Tweet19

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

За 100 отсто да поскапи паркирањето во Кочани ќе одлучува Советот на Општината
Кочани

За 100 отсто да поскапи паркирањето во Кочани ќе одлучува Советот на Општината

Од Т. Ајтовски
22 септември, 2023
0

Надоместокот што возачите го плаќаат за паркирање на возилата во централното градско подрачје на Кочани е меѓу најниските во државата, а според предлогот до Советот на Општината, наскоро...

Прочитај повеќе
Обука за менаџмент на човечки ресурси во рамки на Националната платформа за женско претприемништво
Кочани

Обука за менаџмент на човечки ресурси во рамки на Националната платформа за женско претприемништво

Од Т. Ајтовски
22 септември, 2023
0

Здружението на бизнис жени од Кочани ги продолжува активностите што се дел од локалните акции на Националната платформа за женско претприемништво. Во тие рамки денеска се одржа обука...

Прочитај повеќе
Sep 22, 2023 - Fri
Кочани, MK
31°C
12 km/h, SSW
29%
759.81 mmHg
ПЕТ09/22 САБ09/23 НЕД09/24 ПОН09/25 ВТО09/26
31/25°C
35/20°C
32/21°C
25/18°C
28/16°C
EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица.
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?