Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Советот изгласа ребаланс на буџетот заради исплата на тужби од вработени во градинката

автор: Т. Ајтовски
15 март, 2018
во Некатегоризирано
време на читање: 1 мин.
A A

– Вршиме пренамена, односно измена на распоредот на средствата со тоа што се врши намалување на две потставки и зголемување на една ставка. Намалувањето е во законски дозволениот износ од 20 отсто и зголемување на потставка Плаќање по судски решенија во износ од 665 илјади денари. Причината е достасани судски решенија за исплата, рече Дејан Рашков од Секторот за финансии на Општина Кочани.

Директорката на Детската градинка „Павлина Велјанова“ рече дека институцијата се соочува со проблеми произлезени од тужбени барања на петмина вработени.

– Бевме задолжени да издадеме решенија за распоредување на работни места и покрај тоа што дел од вработените ги извршуваа работните задачи на воспитувачи, да им дадеме решенија за негуватели. По ваквите издадени решенија дел од вработените, незадоволни, поднесоа приговор до Управниот одбор, а подоцна и тужбени барања до Основниот суд во Кочани, рече Лидија Серафимова, директорка на Детската градинка “Павлина Велјанова“.

Судот донел одлука во корист на вработените кои поднеле тужби и досега Детската градинка исплатила над 580 илјади денари по основ на судски решенија со извршување, а треба да исплати уште скоро толку за основниот долг и за каматата која секојдневно расте.

Членовите на Советот бурно реагираа за ултимативното и, како што рекоа, неетичко однесување на дел од вработните во градинката, кои го доведуваат во прашање нормалното функционирање на оваа воспитна институција во Кочани.

– Запознаени бевме на Комисијата дека е поднесен приговор до Управниот одбор и од страна на тужителите е дадено ултиматум средствата да бидат исплатени до оваа среда, сега што доаѓа, а знаеме дека Општината работи преку буџетска сметка и дека самиот трансфер на финансии можеби ќе биде подолг. Доколку до среда не бидат исплатени трошоците, повторно ќе се даде до градинката налог за извршување, каде треба да се платат нови 240 илјади денари по адвокати и извршители. Пари, како што кажав, наменети за храна и за ужина на тие деца, рече Венко Крстевски, член на Советот на Општина Кочани.

– Е, тоа е патриотизмот, да се земаат гевреците и јогуртот од устата на децата во градинките, за да се задоволи нечија суета, дека биле они нешто над другите и дека биле оштетени. Верувам дека пред да бидат распоредени на тие работни места е разговарано со нив, не сум сигурен и дали има потпишано договор, обично се прават спогодби дека се согласуваат да работат на места од пониско образование, меѓутоа ова е, мислам дека ќе не има во сите медиуми, на ниво на свет сме ние. Да се запрашаме, кој работи во нашите установи, кој воспитува деца. Ги повикувам сите родители кои имаат деца во градинки, да си поднесат петиција против овие неодговорни лица и да бидат повлечени, не се заслужни ни да ги воспитуваат и да ги чуваат нивните деца, рече Сашко Стефановски, член на Советот на Општина Кочани.

– Како може лице, кое е член на Управен одбор, или претседател на Управен одбор, лице кое е дел од менаџментот на таа институција, да покрене пријава против самата институција, да не сака да соработува со институцијата, и ако има некоја неправилност да потпише спогодба, и дури веќе се оди до таму, веќе на пресуда што мора да биде извршена и која што знае дека ќе биде извршена, поради причина што е претседател на управен одбор, а знае дека во детската градинка има веќе средства, се дрзнуваат да одат до таа мера да поднесуваат извршно решение, со што дополнително да ја обремени детската градинка, рече Ѓорѓи Алексов, член Советот на Општина Кочани.

Поради актуелната ситуација во градинката, Алексов даде и предлог Советот да преземе соодветни мерки.

– Да се поведе постапка за членовите на Управниот одбор или контрола од страна на општинскиот ревизор, со што ќе се утврди дали имаме конфликт на интерес и дали имаме нарушена функција во функционирањето во управниотодбор во детската градинка, додаде Алексов.

Советниците од мнозинството, кои останаа во салата на Советот, дадоа едногласна поддршка на предлогот на нивниот колега Алексов. Потоа беше изгласана и одлуката за ребаланс на Буџетот, со што Општината ќе ги покрие трошоците за тужбите против градинката.

Т. Ајтовски

 

{fshare}

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

https://www.youtube.com/watch?v=MI22ekiddio

{backbutton}

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“
Кочани

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“

автор: Т. Ајтовски
24 мај, 2025
0

Во молк, без транспаренти и со фотографии од починатите деца, родителите и семејствата на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска во Кочани го оддржаа седмиот „Марш за...

прочитај повеќе
24-годишник од Кочани заработи притвор за убиство во обид
Кочани

Семејствата на жртвите во клубот „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

автор: Администратор
24 мај, 2025
0

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите. Преку исказите дадени...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мај 25, 2025 - нед
Кочани, MK
12°C
слаб дожд
слаб дожд
1 m/s, NNW
90%
758.31 mmHg
sun05/25 mon05/26 tue05/27 wed05/28 thu05/29
слаб дожд
13/7°C
слаб дожд
18/8°C
облачно
20/12°C
неколку облаци
21/11°C
облачно
21/12°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?