Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Советот на Општината не даде согласност на извештаите за работа и за финансиското работење на КЈП „Водовод“ во првото полугодие од 2023 година

автор: Т. Ајтовски
31 јули, 2023
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Советот на Општината не даде согласност на извештаите за работа и за финансиското работење на КЈП „Водовод“ во првото полугодие од 2023 година

Поголем дел од членовите на Советот на Општина Кочани не се задоволни од прикажаните резултати во извештаите за работењето воопшто, како и за финансиското работење на КЈП „Водовод“ во првите шест месеци од оваа година. Поради тоа не дадоа согласност при гласањето на двата документа што беа дел од дневниот ред на 31. седница.

Во дискусиите на советниците главните забелешки беа дека состојбата во комуналното претпријатие е лоша, тоа веќе прикажува минус од околу дваесет и два милиона денари, а граѓаните од поодамна реагираат за проблемите со јавната хигиена, со водоснабдувањето и со чадењето и загадената околина на градската депонија кај селото Бели.

-Зарем не е срамота ова што се случува со депонијата, да седиме и да траеме? Луѓето не можат да дишат. Директоре, во извештајот читам за третирање со зелени алги. Претходно се третираше со зелени алги и се гаснеше, сега некако тие алги како да се од нова фирма, што ќе правиме со депонијата, праша Ивица Лазаров, член на Советот на Општина Кочани.

-Срамно е тоа што се случува со депонијата, но патетично е да го зборувате ова сега кога и во претходната локална власт беше проглем со депонијата. Каде бевте вие четири години претходно да алрмирате кога се палеше и гореше? Има и други аргументи за таа депонија, но вие очигледно сакате да заштите некои припадници на МВР кои во врска со неа не преземаат ништо. Каде се кривичните пријави што претходно можевте да ги доставите за сите луѓе кои живеат буквално на таа депонија и се одговорни за нејзиното палење, истакна Мирче Стојков, член на Советот на Општина Кочани.

-На граѓаните им е сосема сеедно и не им е гајле кој раководи, туку како раководи со „Водовод“, депонијата е проблем што бара решение. Самото претпријатие досега нема понудено ниту една точка за какво било можно решение, односно се нуди „мако моја помини на друг“, ќе се решело кога ќе имало некоја регонална депонија, а дури да има, ние ќе се иструеме тука, истакна Жаклина Филипова Свеќароска, членка на Советот на Општина Кочани.

Од раководството на „Водовод“ имаше само кратко образложение за преземените активности.

-Најмалку три или четири известувања до МВР се испратени, со една средба во живо, во нивни простории. Депонијата е комплексно прашање и чинење на прскање со алги, според колегите од другите јавни претпријатија, би било околу 70 илјади евра на годишно ниво. Може и повеќе и помалку, во зависност до циклусот и цикличноста на прскањето. „Водовод“ не е во можност да издвои повеќе средства од тие што ги има, затоа што толку се. Решението е наметнато, дека ќе има регионална депонија, затоа добиваме ѓубре и од соседните општини, истакна Антонијо Паунов, директор на КЈП „Водовод“.

Незадоволни од општата состојба со јавната хигиена, со депонијата, со водоснабдувањето и другите надлежности на комуналното претпријатие, на крајот од дискусиите за овие точки, советниците не дадоа поддршка на извештаите за работењето на „Водовод“.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: кјп „водовод“совет на општина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

„Привремените вработувања се штетни за децата и опасни за институцијата“ – Советот на Општина Кочани не даде согласност за времено ангажирање лица во градинката „Павлина Велјанова“
Кочани

„Привремените вработувања се штетни за децата и опасни за институцијата“ – Советот на Општина Кочани не даде согласност за времено ангажирање лица во градинката „Павлина Велјанова“

автор: Т. Ајтовски
16 јули, 2025
0

Без поддршка во Советот на Општина Кочани остана предлогот за измена на Програмата за остварување на социјална, детска и здравствена заштита во Општина  Кочани за 2025 година со...

прочитај повеќе
Изготвен е проект за спомен обележје на Пониква за починатите во „Пулс“, по согласноста од Општина Кочани ќе може да се реализира
Кочани

Изготвен е проект за спомен обележје на Пониква за починатите во „Пулс“, по согласноста од Општина Кочани ќе може да се реализира

автор: Т. Ајтовски
14 јули, 2025
0

Здружението „16 март 2025 – Кочани“ изготви технички проект за изградба на спомен обележје на Пониква, а што ќе биде посветено на загинатите во трагедијата во клубот „Пулс“....

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јул 17, 2025 - чет
Кочани, MK
30°C
чисто небо
чисто небо
3 m/s, SW
34%
756.81 mmHg
thu07/17 fri07/18 sat07/19 sun07/20 mon07/21
чисто небо
31/20°C
чисто небо
32/15°C
неколку облаци
34/19°C
чисто небо
37/21°C
чисто небо
40/24°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?