– Дали таков план имаше и за 2018 година и дали се реализира или се реализираше тој план. Претпоставувам дека е по закон поднесувањето на овој годишен план за вработување, но читајќи го годишниот извешптај за работата на детската градинка 2017 – 2018 година не прочитав дека има недостаток за тој кадар. Сега, што недостасува таму, еве вака, бројот на децата по групи во четирите објекти ги надминуваше пропишаните нормативи. Тоа значи дека има проблем со воспитувачи и негуватели, а тие не се опфатени со овој план, бидејќи за такво вработување, за таков кадар, се во согласнст со законот за вработување во јавниот сектор. Барам објаснување, образложение, затоа што навистина не ми е јасно каков е тој план со толку многу вработувања, бидејќи во градинките има 86 вработени, а има капацитет од 650, се мисли на деца, рече Татјана Лазарова Осоговска, член на Советот на Општина Кочани.
Со оглед што се најавува дека ќе се гради уште една детска градинка во Кочани, беше упатено и прашањето колку вработувања ќе има тогаш и дали до сега немало проблем во функционирањетро на установата со сегашнито број на вработени.
Од градинката дојде одговор дека годишниот план се однесува само на лица што би се ангажирале како помошно-технички персонал и административни службеници, а наведените 13 вработувања не се задолжителна обврска.
– Годишниот план претставува рамка, а не дека и законски мораме да го спроведеме. Значи, ние мораме оваа бројка на планирани вработени, со истата бројка го донесовме планот минатата година и истиот се реализира по добиена согласност од Министерството за финансии, преку Министерството за труд и социјална политика. Во спротивно, годишниот план не претставува виза за отпочнување на постапка за вработување. Административниот кадар работи со еден референт за економски работи и еден советник, правник и директорот. Ако сметате дека ова е многу за една детска градинка со 800 деца и околу 90 вработени, јас мислам дека не е многу, туку треба да се вработат уште најмалку двајца во администрација и уште толку колку што имаме предвидено за помошно-технички персонал, оние кои што ќе се грижат за подготовка на храната во градинката и за хигиената, рече Лидија Серафимова, директор на ЈОУДГ “Павлина Велјанова“.
По објаснувањето на директорката Серафимова советниците со 11 гласа „за“ и без „воздржани“ и „против“ го усвоија Годишниот план за 2019 година за вработување во градинката “Павлина Велјанова“. Исто така, зелено светло добија и Правилниците за изменување и дополнување и за систематизација на работните места во детската установа.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.