Најголемо намалување имаме во делот на плати, меѓутоа мора да спомнеме дека намалување имаме бидејќи дел од проектите за коишто очекувавме трансфери од Владата на Република Македонија, дел од проектите кои моментално се реализираат не се готови, па овие средства од 3,5 милиони денари очекуваме дека ќе бидат префрлени за следната година, рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.
Градоначалникот Димитров оцени дека кратењето на буџетските средства нема негативно да се одрази врз реализацијата на планираните активности бидејќи наследениот долг од 96,7 милиони денари е намален за околу 15 милиони денари.
– Ние како општина доставивме до Министерството за финансии за целокупниот долг на општината. Очекуваме дека долгот, од кој најголе долг има од утужени средства од АД “Пелагонија“ за изградбата на плоштадот „Ангел Винички“ и на улици за 5,7 милиони денари и 1,3 милиони денари утужени од ЕЛЕМ. Очекуваме барем 51% или околу 3,5 милиони денари ќе добие и општина Виница, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.
Димитров потенцираше дека во наредниот период ќе се работи на два капитални проекти од кои еден е локален пат до маалата Капетанци, Балинци и Витлари за што дел би се финансирал од Платежната агенција, а остатокот со сопствен средства. Вториот проект е за изградба на покриен пазар во Виница за што во моментот се работи на детален урбанистички план.
На 13, редовна седница на Советот на Општина Виница се разгледуваше кварталниот извештај за извршувањето на буџетот, планот за поставување урбана опрема, изградба на покриена сцена со амфитеатар, а се разгледуваше и извештајот за работа на детската градинка, како и други актуелни прашања за општината.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.