Виница ќе добие ново комунално возило за транспорт на отпадот. Одлуката за тоа беше усвоена на редовната седница на Советот на Општината, во рамките на проектот “Унапредување на општинско владеење“, кој ќе обезбеди средства во висина од 26.000 евра, како грант што се спроведува од Програмата за развој на ОН, а Советот одобри дополнително кофинансирање во висина од 306.000 денари преку општинскиот буџет.
-За да можеме да се прилагодиме според прописите што ги пропишува УНДП, возилото треба да биде произведено од страна на ЕУ, така што сумата што е потребна да се издвои за ова возило е некаде над 30 илјади евра. Тоа значи дека Општина Виница мора да дообезбеди и да учествува со дополнителни средства за да се набави ова возило, рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.
Во набавката на ново возило се гледа и како нова шанса за затварање на депонијата во с.Истибања, рече советникот Дарко Јангелов. Советниците со едногласна подршка на овој грант, а без дополнителни дискусии се донесе и одлуката за престанок со работа на депонијата “Исток“.
Наместо на времено користење, објектот на улицата “Маршал Тито“ ќе се даде на трајно користење на Центарот за социјални работи со обврска Општината да ги плаќа сметките за вода и струја.
Финансиското работење на ЈКП “Солидарност“ на отчет пред советниците, дискусиите по бумеранг се враќаат на релација власт-опозиција, претпријатието се пофали дека за првпат ќе исплаќа регрес за годишен одмор на вработените, а опозицијата го критикуваше за партиски вработувања и за зголемени трошоци за плата. Директорот Игорчо Христов изнесе аргументи дека наследил долгови од 15 милиони денари од претходното рководство, а за една година успеал да врати 1 милион денари.
Во Програмата за чистење улици и патишта, дискусиите се судрија околу чистењето и зимското оддржување на патот Скараница – Блатец, никој не кажа точно кој треба да го чисти снегот тука, дали „Солидарност„ или претпријатието во Блатец – „Кале“.
Сериозна е ситуацијата со водата во с. Градец чии анализи веќе подолг период покажуваат лоши резултати, во прашање е повторно неажурноста на месното население, но и дефект на кој се работи. По барање на општинската организација на Црвен крст – Виница, советниците дадоа зелено светло за ослободување на оваа хуманитарна организација од плаќање надомест за легализација и утврдување правен статус на објектот во кој функционира.
Во пресрет на новогодишните празници, советницте го одобрија предлогот за издвојување на 200 000денари за Новогодишни украси во градот и населените места.
На седницата беа разгледани повеќе барања за утврдување правен статус на нелегално изградени објекти, а исто одобрени и повеќе барања за помош за лекување на наши сограѓани.
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.