Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Советот на Општина Кочани не го разгледа барањето од „Водовод“ за покачување на цените на водата и канализацијата, беа повлечени и други точки од дневниот ред

автор: Т. Ајтовски
22 февруари, 2024
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Советот на Општина Кочани не го разгледа барањето од „Водовод“ за покачување на цените на водата и канализацијата, беа повлечени и други точки од дневниот ред

Дневниот ред на 43. седница на Советот на Општина Кочани беше преполовен уште пред таа да почне, откако десетина од дваесетината точки што беа ставени за разгледување беа повлечени или одложени, а за што предлог дадоа советниците или општинската администрација.

Меѓу точките за кои се очекуваше сериозна расправа со соодветни образложенија беа барањата, односно предлог-одлуките на Управниот одбор на КЈП „Водовод“ за покачување на цените на водата за пиење и за канализација и пречистување на отпадните води. Сепак, при утврдувањето на дневниот ред за седницата, дојде предлог тие да бидат повлечени со образложение дека се работи за „сензитивна тема што беше лиферувана од страна на некои наши локални медмиуми“.

-Ние како советници на Општина Кочани имаме какофонија од информации, какофонија за зголемување на цената на физички лица, на правни лица и на сите други параметри што се поврзани со комуналното јавно претријатие. Кога имавме комисија поврзана со оваа точка ни беше дадена една информација за зголемување на цената на водата. Во материјалите што ги добивме по електронски пат исто така имавме информации што не се поистоветуваат со Комисијата, но за среќа ВМРО-ДПМНЕ има и членови на Управен одбор, на кои им беше посочена трета работа поврзана со деталите за зголемување на цената, а тие ми ја пренесоа мене. Мислам дека оваа мерка ќе биде погубна за граѓаните во ова време на инфлација и КЈП треба да најде алтернативни начини на финансии за да биде ликвидно, истакна Мирче Стојков, член на Советот на Општина Кочани.

-Јас барам, не само што ќе се тргнат точките од дневен ред, туку да ни биде доставен трошковникот, односно планираните приходи, расходи и инвестиции од комуналното јавно претпријатие, да видиме ние како советници и јавноста зошто е препорачано поскапување од 17 проценти. Точно е дека и негативно да ја гласаме точката ќе се формира некоја средна цена, истакна Венко Крстевски, член на Советот на Општина Кочани.

-Освен трошковникот и пресметките, сакам да го добиеме и извештајот и одлуката од Регулаторна комисија за енергетика која не ја дава таа цена, туку дава „од“ „до“. Да видиме кои цени ги имаме добиено од Регулаторна, а кои се понудени од страна на „Водовод“, истакна Ивица Лазаров, член на Советот на Општина Кочани.

По овие дискусии, прифатен беше предлогот да се повлечат точките за поскапувањето на водата за пиење и канализацијата, односно да се разгледуваат на друга седница на која ќе ги има трошковникот со пресметките за потреба од покачување на цените.

Исто така, поддршка од советниците доби предлогот да се повлече и точката за извештајот за работење на КЈП „Водовод“ за минатата година, како и Информацијата за малолетничката деликвенција во Кочани за минатата година, со образложение дека на седницата немаше присутен командир од Одделението за внатрешни работи.

Од општинската админстрација пак, беше предложено да се повлечат точките поврзани со буџетското работење и завршната сметка на Општина Кочани за 2023 година, со образложение дека има време тие да се разгледаат на следната седница.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: кјп „водовод“совет на општина кочаницена

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Шведскиот амбасадор Сулстром ја посети Општина Кочани
Кочани

Шведскиот амбасадор Сулстром ја посети Општина Кочани

автор: Администратор
3 декември, 2025
0

Амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром денеска оствари официјална средба со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов. На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба во која се...

прочитај повеќе
Се чисти Кочански Дол за да се спречи опасност од поплавување на куќите кај Општата болница
Кочани

Се чисти Кочански Дол за да се спречи опасност од поплавување на куќите кај Општата болница

автор: Администратор
2 декември, 2025
0

Екипи од КЈП „Водовод“ и од Општина Кочани деновиве спроведуваат активности за чистење на Кочански Дол, со цел да се реши проблемот со децениското неодржување и нечистење на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 5, 2025 - пет
Кочани, MK
10°C
облачно
облачно
2 m/s, ENE
91%
756.06 mmHg
fri12/05 sat12/06 sun12/07 mon12/08 tue12/09
слаб дожд
10/10°C
слаб дожд
12/8°C
облаци
12/7°C
облачно
10/6°C
облаци
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?