Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Советот на Општина Кочани не даде согласност за воспоставување меѓуопштинска соработка со Струмица и Карпош за користење инспекторски услуги

автор: Т. Ајтовски
14 мај, 2025 22:37
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Советот на Општина Кочани не даде согласност за воспоставување меѓуопштинска соработка со Струмица и Карпош за користење инспекторски услуги

Советот на општина Кочани, на денешната 64. седница, не даде поддршка на иницијативите за воспоставување меѓуопштинска соработка со општините Струмица и Карпош, за кои подносител беше в.д. градоначалникот Венко Крстевски.

Деветте советници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и за двете иницијативи беа воздржани, односно не гласаа, советничката на Левица гласаше против, а поддршка дадоа осум советници од коалицијата предводена од СДСМ.

Образложение за предлозите за меѓуопштинската соработка даде в.д. градоначалникот Крстевски, при што нагласи дека потребата е наметната поради немањето инспектори за одредени области, како и поради постапката што се води со истрагата за трагедијата во Кочани, со која се опфатени и градежните инспектори. Тоа предизвика бурни дискусии и политички препукувања.

-Функцијата на самиот партиски градоначалник е спорна, затоа што тој ќе биде градоначалник до наредните локални избори што се во блиска иднина, а потоа јас сум убеден дека нема да биде градоначалник. Поради тоа, легитимноста да склучува договори што се од подолг рок, од голема трајност и важност, мислам дека не му доликува, иако легалитетот, не сум правник, не знам дали тоа е точно, но легитимноста да прави вакви крупни чекори, вакви крупни промени во една општина како што е Кочани, мислам дека исто така е спорна, истакна Мирче Стојков, член на Советот на Општина Кочани.

-Не сум бланко неподготвена да поддржам ваква соработка, но не во оваа форма. Оттука, со оглед што лицемерието не е нешто што ме одликува мене како човек, ниту пак политичката партија од која што доаѓам, јас ќе гласам против сите вакви договори во оваа форма. Недоумица ми остава петтата ставка од предложениот договор, а тоа се финансиски импликации, истакна Жаклина Филипова Свеќароска, член на Советот на Општина Кочани.

-Не можам да го разберам ведето како не ја почитува презумпцијата на инспекторите,а ја почитува презумпцијата на градоначалникот на Карпош. Сметам дека тоа се негови индивидуално скроени предлози за меѓуопштинска соработка со општина која е раководена од лице кое е осудено за бесправна градба и е ставено на „црната листа“ на САД. Затоа нашата политичка партија ќе биде воздражана, затоа што сметаме дека ова е несериозно и неодговорно однесување, истакна Гоце Марков, член на Советот на Општина Кочани.

-Не можете да ја прозивате нашата советничка група дека ние сме го бирале градоначалникот, дека е партиски поставен од нас. На што личи ова, го пцуете градоначалникот, ова не личи веќе на Совет, го навредувате градоначалникот, сакате да го тепате, истакна Аки Акиов, член на Советот на Општина Кочани.

Поради личните дисквалификации и наелектризираната атмосфера беше дадена пауза за смирување на страстите, по што в.д. градоначалникот Крстевски повторно даде објаснување за потребата од меѓуопштинска соработка во делот на инспекторските служби.

-Нам ни е потребна институционална поддршка, зборуваме за поддршка од институции, не за поддршка од лице градоначалник или неговата партија. Излезете од таа матрица советници на ВМРО-ДПМНЕ, зборуваме за поддршка од страна на општини кои веќе имаат пракса. Конкретно, Струмица има добра пракса со отстранување нелегални објекти. Ние немаме инспекторски служби за домување, за улици и патишта не постои, имаме поддршка и во делот со заловување на кучиња. За каква манипулација зборувате, сето тоа е јавно и транспарентно. Секој што нема да гласа за воспоставување меѓуопштинска соработка, за мене е против безбедноста и сигурноста на граѓаните на општина Кочани. Сето тоа што ќе биде договорено ќе биде бесплатно. Тоа е втора фаза што пак ќе дојде на Совет, зошто да има сомнежи дали ќе плаќаме или не. Повторувам, ова е заради безбедноста и грижа за граѓаните на општина Кочани, сѐ друго за мене е неприфатливо, неодговорно и недомаќински, бидејќи ако нашата општина работела како што треба, немаше да ни се случуваат вакви работи, истакна в.д. градоначалникот Крстевски.

Дополнително беше објаснето дека се потребни инспекторски служби коишто Кочани ги нема како што е инспектор за домување и инспектор за улици и патишта. Соработката со Општина Карпош е потребна во делот за заштита и спасување, со оглед што таа е прва во државата која направи конкретен план за заштита и спасување.

По повеќе од еден час дискусии и препукувања, се премине на гласање на иницијтивите за меѓуопштинска соработка, но тие не добија поддршка. Поради тоа Општина Кочани нема да добие бесплатна помош од инспекторските служби од другите општини.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: меѓуопштинска соработкасовет на општина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Заврши проектот за психолошка помош што го поддржа Амбасадата на Германија по трагедијата во Кочани
Кочани

Заврши проектот за психолошка помош што го поддржа Амбасадата на Германија по трагедијата во Кочани

автор: Т. Ајтовски
15 јануари, 2026 13:43
0

Со пригодна свеченост што ја организираше Доброволното противпожарно друштво – Кочани беше означено завршувањето на проектот за психолошка помош за образовната заедница по трагичниот пожар во клубот „Пулс“,...

прочитај повеќе
Јавна поддршка доби иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на трибината што ја организираше Општина Кочани
Кочани

Јавна поддршка доби иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на трибината што ја организираше Општина Кочани

автор: Т. Ајтовски
12 јануари, 2026 22:37
0

Јавна трибина организираше Општина Кочани по иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за изградба на спомен-обележје на жртвите од трагичниот пожар во клубот...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 19, 2026 - пон
Кочани, MK
-2°C
неколку облаци
неколку облаци
2 m/s, ENE
63%
774.82 mmHg
mon01/19 tue01/20 wed01/21 thu01/22 fri01/23
чисто небо
4/-2°C
чисто небо
4/-1°C
слаб снег
5/0°C
слаб снег
5/3°C
облаци
8/3°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?