Советот на Општина Кочани ја одржа 29. седница на која ги усвои годишните планови за вработување за 2024 година на СОУ „Гошо Викентиев“, ООУ „Малина Попиванова“, ООУ „Раде Кратовче“.
Членовите на Советот не ја усвоија измената на Годишниот план за вработување во ЈОУ Библиотека „Искра“ за 2023 година. Не ги усвои и предлог-одлуките за измена на одлуките за утврдување тарифи за снабдување со вода за пиење, пречистување на отпадните води и за собирање и одведување на урбаните отпадни води на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот 2021 – 2023 година. Советот не ги усвои извештаите за финансиското работење на КЈП „Водовод“ за 2022 година и за првите три месеца од 2023 година.
Усвоена е и предлог-одлуката за давање на користење без надоместок на простории, сопственост на Општина Кочани, на Месната заедница во село Горни Подлог.
Едногласно беа усвоени две советнички иницијативи. На предлог на Жаклина Филипова Свеќаровска Советот утврди препорака до КЈП „Водовод“ да ги ослободи бранителите од плаќање на комуналните услуги, односно да утврди повластени цени за бранителите.
Советот го усвои и барањето поднесено од советникот Ивица Лазаров, со заклучок да се реализира средба на граѓани од оваа улица со општинските стручни служби заради изнаоѓање решение за сообраќајниот режим на „Димитар Влахов“ меѓу двата кружни тека.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.