Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Советот на Општина Чешиново-Облешево поддржува иницијатива за збратимување со италијанската општина Кастањоле деле Ланце

автор: Т. Ајтовски
14 март, 2025
во Регион
време на читање: 3 мин.
A A
Советот на Општина Чешиново-Облешево поддржува иницијатива за збратимување со италијанската општина Кастањоле деле Ланце

Советот на  Општина Чешиново-Облешево дава поддршка на инцијативата за можно збратимување со италијанската општина Кастањоле деле Ланце.

На 49. седница на Советот, на која се разгледуваше предлогот за воспоставување поблиска соработка, а од која би произлегло и збратимување, беше нагласено дека голем процент од населението во овој италијански регион се македонски граѓани, главно од источниот регион.

Интерес за соработка имало и од италијанската страна, а можноста за контакт се гледа при престојот што градоначалникот на Кастањоле деле Ланце идната недела ќе го има во Штип.

-Ако се донесе оваа одлука или препорака, ќе им дадеме знак дека сме зианитересирани за побратимување. Како што реков, градоначалникот на Кастањоле имал агенда за 24 март во Штип, а идејата за побратимување е од самиот градоначалникот на Кастањоле. Тука треба нашиот градоначалник, со директорите на училиштата, општинската администрација, да се види дали ќе бидеме во можност тоа да го реализираме. Како што кажа и директорот на училиштето, една третина од населението се Македонци од овој крај, нашиот, кочанскиот дел, и веројатно ќе има и економски бенефит за нашата општина, истакна Сане Стојанов, член на Советот на Општина Чешиново-Облешево.

Иницијативата за поблиска соработка има и граѓанска поддршка, што се поткрепува со фактот дека голем број нашинци живеат и работат во тој италијански регион.

-Една третина од учениците кои се таму во основно образование се Македонци по потекло, така што добра е можноста што градоначалникот ќе биде тука, во Штип, и да се воспостави еден линк и да се видат можностите колку ние како општина можеме таму да најдеме интерес, да бидеме збратимени или да најдеме каква било соработка со таа општина. Има голем број Македонци, и сигурно ќе има интерес и од нивна страна, се работи за наши граѓани, од овие краеви, кои таму веќе опстојуваат со втора генерација, истакна Јорданчо Костадинов, директор на ОУ „Климент Охридски“ од Облешево.

Градоначалникот на Чешиново-Облешево нагласи дека иницијативата е добра, но постои процедура и протокол според кои се прави збратимување, поради што не треба да се носат предвремени заклучоци дека до тоа и ќе дојде.

-Со две општини имам склучувано договори, и како советник и сега како градоначалник и ги знам тековните работи. Иницијативата од ваша страна е добра и ви благодарам, но ќе кажам дека не можам да ветам дека тоа ќе се реализира. Да, ќе се обидеме, но тоа ќе зависи од целата ситуација. Тука има и документи, размена на меморандуми за соработка, па официјално потпишување, што значи дека тоа не е туку-така, едноставно. Во секој случај, добро е и ви благодарам, истакна Далибор Ангелов, градоначалник на општина Чешиново-Облешево.

Општината Кастањоле деле Ланце се наоѓа во провинцијата Асти, на половина пат до градот Алба во регионот Пиемонт, во северниот дел на Италија. Во неа живеат околу 3.600 жители, кои главно се занимаваат со земјоделство, односно лозарство и производство на вино.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: општина чешиново - облешевосовет на општина чешиново-облешево

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Општина Виница продава 14 парцели за изградба на куќи и една за голем трговски објект, пријавувањето за јавното наддавање е до 14 јули
Регион

Општина Виница продава 14 парцели за изградба на куќи и една за голем трговски објект, пријавувањето за јавното наддавање е до 14 јули

автор: Т. Ајтовски
12 јуни, 2025
0

Општина Виница објави јавен повик за продажба на градежно земјиште во државна сопственост за изградба на објекти за индивидуално домување, како и за комерцијална дејност, а од кои...

прочитај повеќе
Почна изградба на мини акумулација за подобрување на водоснабдувањето на домаќинствата во Мородвис
Регион

Почна изградба на мини акумулација за подобрување на водоснабдувањето на домаќинствата во Мородвис

автор: Т. Ајтовски
2 јуни, 2025
0

Локалната самоуправа на Зрновци го почна проектот за изградба на мини акумулација на Морошка Река, со што ќе овозможи подобрување на водоснабдувањето на домаќинствата во селото Мородвис. За...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јун 14, 2025 - саб
Кочани, MK
26°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, WSW
36%
765.07 mmHg
sat06/14 sun06/15 mon06/16 tue06/17 wed06/18
чисто небо
26/19°C
чисто небо
26/17°C
чисто небо
28/18°C
чисто небо
29/19°C
чисто небо
28/20°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?