Пораки со сомнителна содржина пристигнале утрово на официјалните меил адреси во основните и едно средно училиште во општините Кочани, Виница и Зрновци.
Сомневањата дека можеби се работи за предупредувања за поставени експлозивни направи, според примерот во некои соседни држави, ги алармираа раководителите на училиштата и веќе ги известиле надлежните служби во Министерството за внатрешни работи.
Од МВР пак, излегоа со официјално соопштение дека се вршат проверки на терен.

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување.
Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството.
Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави.
Воедно, Министерството за внатрешни работи повикува и апелира за смиреност во јавноста и воздржување од ширење на дезинформации околу ваквите настани што инаку вчера беа евидентирани и во други земји во регионот“, се наведува во известувањето од МВР.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.