Доцна по полноќ се случи сообраќајна несреќа на излезот од Кочани во правец на Штип, во близина на бензинската станица Лукоил.

Според првичните информации патничко возило излетало од коловозот и завршило покрај патот. Од ударот се активирале возушните заштитни перничиња, при што причинета е материјална штета, но нема повредени лица.
На местото на несреќата увид извриши и увидна екипа од Оделението за внатрешни работи – Кочани. Повеќе детали околу сообрќајната несреќа се очекуваат во текот на денешниот ден.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.