-Зголемениот број позитивни граѓани и пациенти со Ковид-19 во нашата општина последните неколку дена е причина да реагираме итно, како превентива од засилување на епидемијата. Кризниот штаб донесе заклучок да ја ангажира Територијалната противпожарна единица за редовна дезинфекција на фабричките простории, влезовите и лифтовите во зградите и сите простории каде има зголемено присуство на луѓе, а комуналното претпријатие ќе ги дезинфицира јавните површини и локациите каде се одлага отпадот, истакна градоначалникот Николчо Илијев, кој е и претседател на Кризниот штаб на Кочани.
Состојбата во училиштата е стабилна, а во детската градинка „Павлина Велјанова“ три деца и една воспитувачка се во домашна изолација поради контакт со позитивни лица. Во кочанската болница се хоспитализирани осум пациенти со потешки симптоми, од кои петмина се со кислородна поддршка. Се очекува наскоро да биде ставена во функција модуларната болница, со што ќе се овозможи подобар третман и зголемен капацитет на болнички кревети.
Во моментот регистрирани се 198 активни случаи на заболени од Ковид-19, а дневно се прават по околу 60 тестови во Општата болница и во Центарот за јавно здравје во Кочани.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.