Од тригодишното образование од оваа струка се профилите Електромеханичар, Автоелектроничар и Автоелектричар. Од двегодишното образование од оваа струка е профилот Автоелектричар. Од машинската струка се профилите од четири годишното образование Машински техничар, Машинско енергетски техничар и Техничар за компјутерско управување. Од тригодишното образование од оваа струка се Автомеханичар и Инсталатер на цевкини водоводи, заварувач, обработувач на метал. Од сообраќајната струка имаме само еден профил а тоа е Техничар за транспорт и шпедиција од четиригодишното образование, рече Елизабета Минова, училишен педагог.
Од училиштето потенцираат дека потребни документи за запишување се пријава за запишување која што ученикот ја подигнува од училиштето, оригинални свидетелства од 6 до 9 одделение, дипломи од освоени први, втори и трети места од меѓународни и републички натпревари од мајчин и странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката однонсо изборното подрачје и извод од матичната книга на родените (без одглед на датумот на издавањето).
Првото пријавување и запишување е на 18 и 19 јуни 2018 година, а ранг листите со резултатите и слободните места ќе бидат објавени на 20 јуни. Второто пријавување од првиот уписен рок е на 28 јуни а резултатите и слободните места ќе бидат објавени на 29 јуни. Пријавувањето и запишувањето во августовскиот уписен рок ќе биде на 23 август а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 24 август.
Критериуми за избор се средниот успех на ученикот од 6 до 9 одделение, како и средниот успех постигнат по четири предмети (мајчин и странски јазик и два предмети што се од зачење за струката), средна вредност од поени за поведение, како и дипломи од освоени места на државни и меѓународни натпревари.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.