– Во училиштето денеска потпишавме договор со ЕВН Македонија со цел реализирање практична настава за учениците од трета и четврта година од електро струката. Тие ќе одат на пракса во месец јуни, а за тоа ќе добијат и финансиска надокнада. Инаку, училиштето има соработка со „Руен“, а од скоро и со „Амфенол“, така што соработката ќе се проширува се во полза на учениците да изучуваат повеќе пракса а не само теорија, рече Гоце Савев, в.д директор на СОУ „Гошо Викентиев“.
Соработка за обавување практичен дел на учениците, ова училиште има и со други институции и фирми како „Амфенол“, „Водовод“ и „Руен Инокс Аутомобиле“, каде што учениците одат на пракса и со тоа освен на теоретскиот посветуваат посебно внимание на практичниот дел.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=5NPOQ2gJTXo
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.