Ќе се реализира во соработка со седум проектни парнери од 3 држави: Македонија, Бугарија и Хрватска. Од Македонија се здружениетоЛокална акциона група – Кочани, како лидер-партнер, СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани и компанијата „Течко нет“ – Кочани. Од Република Бугарија учествуваат Здружението Центар за одржливост и економски развој и Професионалната гимназија за економија и менаџмент од Пазарџик, а од Хрватска се Општина Лудбрег и средното училиште од овој град.
– Проектот промовира нов дигитален приод во однос на наставата, за учење. Тоа ќе овозможи нов професионален развој и нов светоглед на нашиот наставен кадар, тоа ќе значи нови содржини за нашите ученици кои ќе бидат вклучени директно или индиректно во активностите на овој проект. Како мала награда за целокупната таа активност ќе имаат можност, да имаат мобилност, да се движат во регионите на нашите партнерски организации во Хрватска и во Бугарија каде ќе се запознаат и со начинот на наставата, како и со тоа каде сме ние, а каде се членките на Европската Унија, рече Игор Христов, директор на СОУ „Љупчо Сантов“.
Со реализацијата на проектот ќе овозможи развивање софтвер за проширена реалност како нов, поинтересен начин на кој учениците, на некласичен начин, ќе изучуваат предмети поврзани со науката, инженерството, техниката и математиката.
Во рамки на проектот АР ЕДУ се планирани се планирани четири меѓународни средби, две обуки на наставниците од средните училишта за користење на едукативниот модел и една петдневна размена на групи ученици од Македонија, Бугарија и Хрватска.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.