– Освен програмите постојат и студиски престои односно летни школи со кои што тие располагаат и во кои што се инкорпорирани средни училишта од Италија, Босна и Херцеговина и едно училиште од Македонија и ние сме второто училиште кое што влегува во оваа соработка, така што ние е предложено сите ресурси кои што Универзитетот ги поседува ние можеме да ги искористеме, а тоа значи заеднички часови и предавња, наши ученици да присуствуваат на нивните расположливи кампови и летни школи како и користење на лабораториските услови особено од областа на менаџментот и астрофизиката, рече Игор Христов, в.д директор на СОУ „Љупчо Сантов“.
Учениците, додаде Христов, покажале интерес за Универзитетот и имало доста заинтересираност за самата презентација, посебно заради поволностите што ги нуди овој Словенски Универзитет.
Инаку, ова е само старт на заедничката соработка меѓу средното училиште и Унивезитетот, понатаму би соработувале и би аплицирале на заеднички проекти од областа на образованието кои што ги нуди Европската унија.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=ycTA0f9x8LI
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.