Целите кои треба да се постигнат се учениците да станат посигурни во основните вештини на ИКТ и на англискиот јазик, да стекнат сигурност и вештина во комуникацијата, да бидат повеќе заинтересирани за европскиот народ и за културите и да бидат свесни за важноста на добри манири во социјалните медиуми, стекнување на знаења користејќи повеќе сензорни органи, да учествуваат и да преземаат одговорност повеќе поради самодовербата од стекнувањето знаења, ја обликуваат својата иднина врз основа на нивната цел, да знаат што сакаат и да ја преземат контролата на својот живот.
-Нашето училиште во септември 2018 година го доби проектот „Ние сме попаметни од технологијата“ од Еразмус плус програма. Носител на проектот е Р. Турција и од 26 ноември до 1 декември во Турција беше организирана првата мобилност на која присуствувавме и ние. Понатаму во наредните две години ќе бидат организирани уште 5 мобилности меѓу кои една и во нашето училиште, рече Весна Ефремова, координатор на проектот.
Во развојот на светот, невозможно е да се игнорира напредокот во образованието без технологија што ја има моќта да го обликува нашиот и општествен и индивидуален живот. Затоа и учениците се заинтересирани да научат други искуства за технологијата и да ги споделуваат нивните искуства со другите. Има одредени пречки при користење на технологија во училниците. Прво, наставниците и учениците немаат доволно знаење за тоа како да се користи и неможе да се направи прогрес во образованието.
Затоа, велат учениците, веруваат дека благодарение на овој проект, имаат можност да научат како да се заштитат од опасностите од интернет и како да ги користат на добар начин при користење на социјалните медиуми и можат да се фокусираат на начинот на кој секоја земја управува со цел за да се избегне технологија да се претвори во катастрофална алатка.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.