Екипата „Социјални отпадоци“ покажа најмногу знаење и е победник на петтиот Паб квиз што се одржа во ирскиот паб „Гинис“ во Кочани.
По трите групи од по 10 прашања и завршната група од пет прашања имаше изедначен број бодови меѓу три екипи, а во баражот за првото место петчлениот тим на „Социјални отпадоци“ покажа најмногу знаење. Со тоа заслужено ја освои првата наградата и по втор пат стана победник на досегашните изданија на квизот.

На второто место се најде екипата „Антура“, а третото место им припадна на „Ѓаволи“.
Интересот за учество на 5. паб квиз, чиј организатор е Паб квиз клубот – Кочани, беше најголем досега и имаше 15 екипи.
Победниците освоија парична награда, а домаќинот – ирскиот паб „Гинис“ за најдобрите екипи додели вредносни ваучери.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






