– Најстарата улица во Јакимово после 60 години доби асфалт. Со асфалтирање на оваа улица го завршуваме тендерот предвиден за ова година со средства од буџетот на Општина Виница. Оваа улица е долга 450 метри, а продолжуваме со асфалтирање и на други улици, а тоа е пробивање на патот од селото Трстија, преку маалото Петревци и Беловци до училиштето во селото Грљани. Тоа е пат што е во должина од 1.800 метри и очекуваме дека од следната недела ќе почнеме да го асфалтираме и овој патен правец, рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.
Жителите на Јакимово се задоволни што по повеќе од пет децени конечно добија асфалт и современ пристап до своите домови.
– Мислам дека редно беше, бидејќи ова е најстариот дел на селото, целокупниот пораст на селото се темели на овој дел, значи ова е делот од каде најпрво селото почнало да се шири, луѓето овде почнале да градат со свои раце, со самопридонес, со ангарија, и еве најпосле начекавме да добиеме еден модерен патен правец каде некаде триесетина четириесетина куќи се наоѓаат на потегот од почетокот до крајот, значи преку 120 луѓе живеат на оваа улица, рече Благој Соколов, жител на Јакимово.
Со проектот за изградбата на 12 улици во оопштината, Локалната самоуправа на Виница од сопствениот буџет издвои околу 11 милиони денари. Се очекува изградбата на преостанатите сообраќајници да заврши до почетокот на идниот месец.
T. Aјтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.