Општина Зрновци ја комплетира изградбата на локалниот патен правец од Зрновци до месноста Гробишта кај селото Мородвис. По пробивањето и тампонирањето, градежна механизација го асфалтира коловозот со ширина од 3,5 метри и должина од 2,5 километри.
За реализација на градежните зафати се инвестираат 20 милиони денари што претходно беа обезбедени од Министерството за транспорт и врски.

Од Локалната самоуправа истакнуваат дека со изградбата на новиот локален пат жителите ќе имаат современ пристап до земјоделски парцели со површина од околу 100 хектари, брз и безбеден транспорт на земјоделски производи, значително вреднување на земјиштата, но се создаваат и услови за изградба на земјоделски стопанства, како живописна траса за пешачење и рекреација.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.