Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Со изложба на карикатури отворен 15. фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“

автор: Т. Ајтовски
18 октомври, 2023
во Култура, Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Со изложба на карикатури отворен 15. фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“

Со отворање на изложбата на карикатури и прогласувањето на добитниците на наградите од меѓународниот конкурс, вечерва во фоајето на Домот на културата „Тошо Арсов“ почна фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“.

Темата на која што работеа карикатуристите беше „Нештата стануваат возможни“, а според пропозициите секој учесник можеше да испрати најмногу по три дела.

-Жирито чии членови се Дамир Новак од Хрватска, Бернард Боутон од Франција, Мирослав Хајнос од Полска, Благица Стојановска и Наташа Костовска од Македонија имаше навистина тешка задача да направат селекција од многубројните карикатури. Годинава на објавениот конкурс се пријавија вкупно 224 автори од 46 земји од светот и добивме солидни 622 карикатури. Првата награда му припадна на Фернандо Пика од Колумбија, второнаграден е Јианг Лио од Кина, а на трето место се најде карикатурата на Хуан Габриел Бенавидес од Шпанија, истакна Благица Стојановска, директорка на Домот на културата „Тошо Арсов“.

Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Виница, Миле Петков, при што нагласи дека гордост е што продолжува традицијата која беше возобновена пред неколку години.

-Посебно ме радува што оваа манифестација повеќе години фигурира на интернационалната мапа на фестивали на хумор и сатира, пред сѐ поради учеството на врвни карикатуристи од целиот свет. И оваа година, со добра соработка, не застанавме и успеавме да продолжи „Ин Виница веритас“. Наредната година овој фестивал ќе блесне со поголем сјај во новата сала што ќе наликува на светска сцена. По 15. пат Општина Виница финансиски го помага овој фестивал што со право прераснува во културно обележје на општината и регионот, истакна градоначалникот Петков.

Овогодишното фестивалско издание што ќе трае до 21 октомври, има редуцирани програмски содржини поради градежните работи за реконструкција на внатрешноста на Домот.

В четврток од 19 часот во фоајето на Домот на културата ќе се одржи Вечер на афоризми посветена на Бошко Перински, а потоа ќе следи сатиричното шоу „Прес конференција на Влада“. В петок претпладне Миле Ѓорѓијоски ќе одржи едукативни часови за карикатура и афоризми со ученици од основните училишта од Виница. В петок, на затворањето на Фестивалот, од 20,30 часот во ресторанот Александар Парк стендап настап ќе има комичарот Бојан Велевски.  

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: афоризамин виница веритаскарикатура

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Митко Костадиновски ја презеде функцијата градоначалник на Општина Виница
Регион

Митко Костадиновски ја презеде функцијата градоначалник на Општина Виница

автор: Т. Ајтовски
10 ноември, 2025
0

На срдечна средба во кабинетот на градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски ја презеде функцијата во новиот четиригодишен мандат од својот претходник Миле Петков. Во краткиот меѓусебен разговор...

прочитај повеќе
Во Општина Чешиново-Облешево новиот градоначалник Јорданчо Костадинов ја презеде функцијата, членовите на Советот ги добија уверенијата за мандатот
Регион

Во Општина Чешиново-Облешево новиот градоначалник Јорданчо Костадинов ја презеде функцијата, членовите на Советот ги добија уверенијата за мандатот

автор: Т. Ајтовски
10 ноември, 2025
0

Новиот градоначалник Јорданчо Костадинов и членовите на Советот на Општина Чешиново-Облешево официјално ги добија мандатите за работа во наредните четири години. На мала свеченост што се одржа во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
ное 11, 2025 - вто
Кочани, MK
11°C
слаб дожд
слаб дожд
1 m/s, NW
92%
759.81 mmHg
tue11/11 wed11/12 thu11/13 fri11/14 sat11/15
слаб дожд
13/8°C
чисто небо
14/7°C
чисто небо
15/8°C
чисто небо
14/7°C
чисто небо
15/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?