Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Со Индекс од 55% Општина Кочани е во групата на најотворени локални самоуправи во државата

автор: Т. Ајтовски
18 октомври, 2024
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Со Индекс од 55% Општина Кочани е во групата на најотворени локални самоуправи во државата

Со стапка од 55 отсто Општина Кочани е во групата на најотворени единици на локална самоуправа во државата според Индексот на отвореност за 2024 година.

Длабинската анализа на работата на локалните самоуправи, што ја направиле Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис и Рурална Коалиција, ги претставува наодите од процената на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во државата, изготвена на тематскиoт форум „Вклучена заедница за отпорност на корупција“.

Процената дава резиме на вкупните перформанси на локалните самоуправи со патоказ од препораки за унапредување на состојбата, а истражувањето е спроведено од 1 февруари до 15 мај годинава.

Во споредба со состојбата од пред две години просекот на отвореност кај сите општини годинава достигнал пораст за 10 отсто , но сепак претставува индикација за ниско ниво на отвореност во работењето на локалната власт, со чест на исклучоци кои проактивно и темелно се посветуваат на отвореноста кон граѓаните.

-Во 2024 година, наодите од Индексот на отвореност покажаа дека најотворените единици на локална самоуправа се Битола (67%), Делчево (66%), Демир Хисар (64%), Велес (60%), Валандово (59%), Прилеп (58%), Крива Паланка (58%), Берово (58%), Василево (56%), Кочани (55%), Градско (54%), Гевгелија (54%), Охрид (53%), Кавардарци (52%) и Гази Баба (52%), наспроти најзатворените единици на локална самоуправа помеѓу кои се Сопиште (7%), Кривогаштани (13%), Студеничани (13%), Росоман (14%), Чучер Сандево (15%), Шуто Оризари (16%), Лозово (17%), Боговиње (18%), Ранковце (18%), Врапчиште (19%) и Чаир (19%). Исто како во 2022 година, во 2024 година единиците на локална самоуправа имаат највисока просечна оценка во областа транспарентност (46%), а најниска просечна оцена во областа свесност (21%), додека најголем напредок се забележува во областите транспарентност и интегритет односно зголемување за 12%, се истакнува во анализата.

Овој низок резултат во областа свесност (21%) укажува на слабиот квалитет на планирањето, програмирањето, мониторирирањето и евалуацијата на политиките што ги спроведуваат единиците на локалната самоуправа. Јавниот интерес треба да биде отсликан во јавните политики, што го прави овој поразителен резултат уште поалармантен.

Индексот на отвореност ги оценува перформансите на локалните самоуправи во областа на доброто владеење преку четири начела:

(1) транспарентност се однесува на политиките, активностите и мерките што ЕЛС ги презема за да ги информира своите граѓани за својата работа,

(2) свесност се однесува на квалитетот на планирањето, програмирањето, мониторингот и евалуацијата на политиките што се спроведуваат од страна на локалните власти,

(3) пристапност се однесува на начинот на којшто локалната самоуправа комуницира и ги вклучува граѓаните при одговарањето на нивните барања и задоволувањето на нивните потреби,

(4) интегритет се разгледува во функција на конзистентното придржување кон етичките вредности, начелата и нормите што имаат за цел приоретизирање на јавниот интерес во однос на приватниот.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: индекс на отвореностопштина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Новиот градоначалник Грозданов и советниците на Општина Кочани ги добија уверенијата за четиригодишниот мандат
Кочани

Новиот градоначалник Грозданов и советниците на Општина Кочани ги добија уверенијата за четиригодишниот мандат

автор: Т. Ајтовски
10 ноември, 2025
0

Со добивањето на уверенијата по завршениот втор круг од локалните избори, новиот градоначалник Владко Грозданов и членовите на Советот на Општина Кочани и официјално го почнуваат својот мандат....

прочитај повеќе
29. „Марш за ангелите“: Обвинети ги прекршуваат законските мерки и имаат средби со оштетени, ако за една недела нема одговор од Обвинителството ќе има посилни и поорганизирани акции
Кочани

29. „Марш за ангелите“: Обвинети ги прекршуваат законските мерки и имаат средби со оштетени, ако за една недела нема одговор од Обвинителството ќе има посилни и поорганизирани акции

автор: Т. Ајтовски
8 ноември, 2025
0

Родителите на загинатите во трагeдијата во клубот „Пулс“ јавно реагираа до Јавното обвинителство поради тоа што обвинети оствaруваат средби со оштетени лица со што можат директно да влијаат...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
ное 11, 2025 - вто
Кочани, MK
11°C
облачно
облачно
1 m/s, WNW
91%
759.81 mmHg
tue11/11 wed11/12 thu11/13 fri11/14 sat11/15
слаб дожд
13/8°C
чисто небо
14/7°C
чисто небо
15/8°C
чисто небо
14/7°C
чисто небо
15/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?