Сара Стојилкова пак од класата по пијано на наставник Оливер Стоименов која што сите овие години е континуирано одлична ученичка, добитник на државни и меѓународни награди и постојано присутна на музичката сцена, беше прогласена за ученик на генерацијата.
Ѓорѓиева на крајот им се заблагодари на сите ученици, родители и наставници кои вложуваат голем труд и посебна посветеност во својата работа и им посака уште многу успеси понатаму.
На свечената академија сите присутни имаа можност да уживаат во концертот на хоровите и училишниот оркестар кој што покрај ученици и наставници е составен и од граѓани кои што се занимаават со други професии а на кои музичкото училиште им останува траен соработник.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.