По повод 16 ноември – Денот на пензионерите на општина Кочани во ЦК „Бели мугри“ се одржа концерт.
На манифестацијата, покрај домаќините, настапија и гости од здруженијата на пензионери од Прилеп, Куманово, Кавадарци и од Лесковац, Србија.
-За овие 51 година постоење имаме многу активност во различни области. Денеска славиме 51 година од постоењето на Здружението на пензионери на Кочани. Тоа е регистрирано 1972 година. Денеска имаме гости од државата но и надвор од неа. Во текот на оваа година учествуваме на Регионални игри, а освоивме 11 места, а со тие места настапивме на Републичките спортски, каде освоивме 9 медали. Ние ја организиравме и Регионалната фолклорна ревија, што се одржа во Кочани и го освоивме првото место, истакна Јелица Зафирова, претседателка на Здружението на пензионерите од Кочани.
Пензионерите од сите здруженија се претставија со песни и ора од својот крај.
Од Здружението на пензионери најавија дека во следната година ќе имаат уште повеќе активности.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.