Годинава со хидросистемот ќе наводнуваме околу 8.700 хекатари земјоделско земјиште во Виничко, Кочанско, Штипско, Пробиштипско и Светиниколско. Од тоа околу 3.700 хектари ќе се засеат со ориз, а останатите површини се под други земјоделски култури.
Пред почетокот на наводнителната сезона екипи на водостопанското претпријатие од Кочани исчистиле околу 90 отсто од каналската мрежа, а во моментот се работи на оспособување на делови од левиот магистрален канал.
Акумулацијата Калиманци е полна со максимален капацитет од околу 110 милиони метри кубни вода и до пред неколку дена била на прелив. Во меѓувреме започнало контролирано испуштање на водата за потребите за наводнување, но и за да се избегнат евентуални опасности од поплавување поради најавите за нови врнежи деновиве.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=uduN2uW5whQ
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.