– Целта на проектот беше да ги опфатиме сите ученици и да ги запишеме. Во “Раде Кратовче“ успеавме да запишеме 19 деца Роми, а во “Малина Попиванова“ запишавме 6 Ромчиња. Во проектот имаме предвидено да обезбедиме училишен прибор што ќе им го поделиме во текот на наредната недела, рече Драганчо Георгиев, претседател на здружението “Авена“.
На завршната презентација на проектот беше речено дека во текот на изминатите месеци биле организирани средби со претставници од училиштата, остварени се и посети на ромските семејства при што е реализирана едукација на родителите за неопходноста од образование на нивните деца. Освен тоа, изработен е и водич со конкртетни мерки, препораки и заклучоци.
Во рамки на проектот изработена е детална и сеопфатна анализа за состојбата со изостанувањето на децата Роми од училишпте, а околу 20 отсто од учениците Роми кои задоцниле со упис во прво одделение се вклучени во наставниот процес.
Проектот “Сите заедно на училиште“ беше финансиран од Европската Унија како подгрант од програмата “Градење посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.