Кон реализација на кампањата „16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство“ со своја програма се приклучи и ЈОУБ „Искра“ од Кочани.
Во тие рамки беше промовирана книгата „Азбука на семејното насилство“ од авторките Наташа Георгиева и Мирјана Јовановска Стојановска, како и изложба на цртежи на тема „Помеѓу сенката и силата“ од Марина Арсова.

-Поактуелна е темата против насилството врз жените и девојчињата, значи семејното насилство, така што покрај другите институции коишто можеби имаат поблиска допирна точка со таа проблематика и ние се приклучуваме во делокругот на нашето работење, со природата на нашата работа. Се надеваме дека ќе придонесеме да стане се поактуелна и да имаме еден бенефит во општеството, да пренесеме која е суштината и борбата против семејното насилствво, истакна Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, директорка на билбиотеката „Искра“.

Иако аматерски се занимава со сликање, авторката Марина Арсова со делата работени со бел молив на црн картон одлично ги претставува своите чувства, професионално пренесувајќи сегменти од секојдневието на една жена.
-Само мој мал придонес кон овие 16 дена активизам за борба против семејното насилство. Поентата на цртежите е да се прикаже таа некоја нежност, убавина, сила, ама и болка кај жената и се надевам дека ќе видат нешто посетителите во нив што ќе ги инспирира дека може да се надминат одредени ситуации и дека во силата и во природата на жената има можност за подобро да се живее, да се најди и малку надеќ, истакна Арсова.
Во просториите на библиотеката Арсова се претставува со дваесетина дела работени во различни периоди, со инспирација од делови на женскиот лик и тело.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






