Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Со свирежи и гласно негодување на „Маршот за ангелите“ родителите на починатите во „Пулс“ побараа одговорност од МВР, УЈП и од Обвинителството

автор: Т. Ајтовски
21 јуни, 2025
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Со свирежи и гласно негодување на „Маршот за ангелите“ родителите на починатите во „Пулс“ побараа одговорност од МВР, УЈП и од Обвинителството

Со гласни свирежи и извици на негодување на десеттиот „Марш за ангелите“ во Кочани родителите на децата кои починаа во пожарот во „Пулс“ побараа одговорност од институциите.

По вообичаената маршрута од Паркот на Револуцијата, кон Трговскиот центар и зградата на Општина Кочани, учесниците на маршот пред Полициската станица јавно побараа одговори од Министерството за внатрешни работи и од министерот Панче Тошковски зошто полициските службеници, при контролата што ја спровеле кобната ноќ во дискотеката, не ги следеле законските одредби и стандарди.

-Дали акциската контрола е спроведена законски, дали светлата биле запалени, дали музиката беше стопирана, дали службените лица од МВР кои беа таму и видоа дека настанува пожар воспоставија коридор и ги насочија нашите деца во темницата и чадот полека да го напуштат објектот? Дали најпрвин не ги пуштале да излезат, за потоа кога огнот се повеќе беснеел и се создаде топ толпа од деца кои сакаат да излезат надвор, полицајците ја отвориле вратата и први пред децата трчаа кон излезот да се спасат? Дали се утврдени неправилности и одговорностите во кои работеле, дали сите тие лица вработени во МВР кои беа во акциска контрола се повикани на распит и се осомничени. Бараме одговорност од МВР и средба со ОЈО ГОК, истакнаа родителите пред Одделението за внатрешни работи.

Протестниот марш продолжи кон Основниот суд и Јавното обвинителство во Кочани каде родителите побараа одговори зошто и покрај нивните укажувања, во обивнителниот акт не се вклучени и лица од Управата за јавни приходи кои и иако знаеле дека е блокирана сметката на фирмата сопственик на дискотеката, дозволиле таа да продолжи со работа.  

-Ако блокадата била заведена на 16 август 2024 година, тоа значи дека веќе до крајот на септември Управата требало да постапи, а клубот „Пулс“ требало да биде затворен. Сепак, тој продолжил да работи и 62 животи беа изгубени и тоа не се технички грешки туку системски прашања до истражителите во Јавното обвинителство. Дали е точно дека Упрвата за јавни приходи не постапила по своја законска обврска, кој бил надлежен да го поднесе барањето за стечај и зошто тоа не било направено. Дали некогаш даночен инспектор низ годините направил било каква контрола во објектот, освен онаа која се споменува во декември 2024 година и дали инспекторката за економски криминал од МВР ги има проверено сите овие нерегуларности, прашаа родителите пред Јавното обвинителство.

Родителите додадоа дека институциите ги знаеле нерегуларностите во „Пулс“ пред да се случи пожарот и нагласија дека трагедијата не е последица на една грешка, туку на ланец од институционални пропусти. Побараа секој пропуст да се идентификува и секој виновник да биде повикан одговорност, со што државата ќе покаже дека законот важи за сите.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: дискотека „пулс“министерство за внатрешни работиосновно јавно обвинителство - кочанипротестен марштрагедија кочани„марш за ангелите“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“
Кочани

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“

автор: Т. Ајтовски
9 декември, 2025
0

Кон реализација на кампањата „16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство“ со своја програма се приклучи и ЈОУБ „Искра“ од Кочани. Во тие рамки беше промовирана...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани
Кочани

Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани

автор: Администратор
7 декември, 2025
0

Родителите на загинатите деца во трагедијата во „Пулс“ испратија писмено соопштение до јавноста во кое демантираат дека се спротивставиле на новогодишното украсување на градот. „Во последните денови во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 10, 2025 - сре
Кочани, MK
5°C
одвоени облаци
одвоени облаци
1 m/s, NNE
77%
768.82 mmHg
wed12/10 thu12/11 fri12/12 sat12/13 sun12/14
облаци
12/5°C
неколку облаци
13/8°C
чисто небо
12/7°C
чисто небо
11/6°C
чисто небо
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?