На дел од улиците што се дел од програмата за реконструкција претходно се отстранувааат бехатон плочките што се поставени на местата каде што коловозот е оштетен, по што се врши гребење на стариот асфалтен слој. Со инвестицијата ќе се изградат улици со вкупна должина од околу 1.600 метри, а ќе се санираат и оштетувањата на коловозот на неколку други сообраќајници.
Заедно со изградбата на улиците во Виница, во тек се подготвителните работи за асфалтирање на сообраќајници во селата Лески, Блатец, Јакимово, Трстија и Градец со вкупна должина од околу 1.200 метри.
Според договорот што општината го има склучено со изведувачот на работите, комплетирањето на сите улици треба да заврши до средината на септември.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.