Во клубот веќе се вратиле дел од поранешните борачи, а се очекува враќање и на оние кои поради неодржувањето на тренизните извесен период се оддалечиле од работата со екипата. Тоа им дава надеж на луѓето кои го презедоа раководењето со “Спартак“ дека борењето во Кочани може да се врати на старите патеки.
Инаку, Изборното првенство во Радовиш е во категорија У-23, односно за борачи родени од 1995 до 1999 година, а со специјален лекарски преглед можат да учествуваат и борачи од генерацијата 2000. Во пионерска конкуренција пак, право на учество имаат родените 2003 и 2004, а за една година помладите неопходен е специјален лекарски преглед. Организатор на првенството е БК “Бучим“ од Радовиш.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=JeewC9jBUg4
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.