Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Спортски терен за кошарка и фитнес зона на отворено добија младите во Виница

автор: Т. Ајтовски
17 септември, 2024
во Регион
време на читање: 3 мин.
A A
Спортски терен за кошарка и фитнес зона на отворено добија младите во Виница

Младите во Виница добија ново игралиште за кошарка и фитнес зона на отворено, што се изградени во рамки на проектот „Направи разлика“ чиј носител е Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип, со финансиска поддршка од УСАИД и Локалната самоуправа на Виница.

На свеченоста по повод предавањето во употреба на спортските терени, а на која  присуствуваше и Марк Елингстад, директор на Канцеларијата за демократија и добро владеење на УСАИД, градоначалникот на Виница, Миле Петков истакна дека се работи за важен проект што е реализиран по инцијатива на младите.

-Вредноста на инвестиццијата е околу три милиони денари, од што со околу 40 отсто учествуваше Фондацијата за развој на локалната заедница, а остатокот е од наши буџетски средства и донатори. На оваa локација, во близина на градскиот парк имаше запуштено тениско игралиште со земјена подлога што не беше во функција повеќе години. Затоа ние ја прифативме иницијативата и сега можеме да видиме дека навистина има разлика, затоа што е изграден спортски терен што ќе го користат и младите и учениците од средното училиште „Ванчо Прке“, а во наредниот период ќе поставиме и нова урбана опрема, така што тоа ќе биде пријатно место за спортување и рекреација, нагласи градоначалникот Петков.

Во рамки на проектот се одржа и младински форум, на кој беа претставени проектите што досега се реализирани, како и оние што се во тек или се во подготовка.

-Проектот „Направи разлика“ го спрoведуваме во шест општини од Источниот регион, а во Виница ќе трае до 2027 година. Работиме со активни млади членови, кои се локални лидери во заедницата, за да идентификуваме проблеми и потреби, и секако да најдеме решенија. Конкретно, тоа се реализира преку концептот на Младинска банка каде што вклучуваме групи од 10-15 млади. Тие поминуваат серија обуки како да ги истражат потребите и проблемите на младите, како да испланираат или предложат решение и како тоа да се имплементира, истакна Невенка Лонгурова Гирова, извршен директор на Фондација за развој на локалната заедница – Штип.

На младинскиот форум во Виница преку практични примери младите пренесоа сопствени искуства и предизвици од вклучувањето во Младинската банка, а потоа беа формнирани акциони групи кои работеа на идентификување на локални прашања и потреби, со инцијативи за нивно решение.

Во изминатите две години од реализацијата на проектот „Направи разлика“ доставени се 58 иницијативи од младите од сите шест општини, при што реализирани се 43, а останатите се во завршна фаза. Во наредниот период ќе бидат опфатени и младите во уште три општини во регионот.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: општина виницафондација за развој на локалната заедница - штип

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Се реконструира главниот доводен цевковод за водоснабдување во Зрновци за што се инвестираат 45 илјади евра
Регион

Се реконструира главниот доводен цевковод за водоснабдување во Зрновци за што се инвестираат 45 илјади евра

автор: Т. Ајтовски
19 мај, 2025
0

Во општина Зрновци почна реконструкцијата на главниот доводен цевковод од водоснабдителниот систем за домаќинствата, како еден од највиталните комунални проекти чиј носител е Локалната самоуправа. Од Општина Зрновци...

прочитај повеќе
Афористичарот Марјан Анѓеловски од Скопје ја доби првата награда за најдобар афоризам на АФКО 2025
Регион

Афористичарот Марјан Анѓеловски од Скопје ја доби првата награда за најдобар афоризам на АФКО 2025

автор: Т. Ајтовски
19 мај, 2025
0

Наградата за најдобар афоризам на 13. манифестација на македонски афоризам АФКО 2025 ја доби Марјан Анѓеловски од Скопје. Стручното жири одлучи втората награда да му ја додели на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мај 24, 2025 - саб
Кочани, MK
15°C
облачно
облачно
1 m/s, NE
91%
759.06 mmHg
sat05/24 sun05/25 mon05/26 tue05/27 wed05/28
-/15°C
слаб дожд
13/8°C
чисто небо
19/8°C
облаци
21/10°C
неколку облаци
21/12°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?