Кочанските каратисти Јован и Благојчо Арсови, членови на карате клубот „Партизан“, имаа одличен настап на 48. Европско WADOKAI карате првенство, што на 4 и 5 ноември се одржа во белгискиот град Лиеж.
Во борби, Вадарју стил, во детска категорија од генерацијата 2010/2011, +55 килограми, Јован Арсов го освои второто место и сребрениот медал. Неговиот татко, Благојчо Арсов во категоријата ветерани +75 килограми беше третопласиран и се закити со бронзен медал.
Јован Арсов беше дел и од македонската репрезентативна екипа која стигна до четвртфиналето, но беше поразена и ги загуби шансите за повисок пласман. Притоа, кочанскиот каратист забележа победа на поени од 5:0, а другите двајца беа поразени, иако можеа со потактички настап да извлечат нерешен резултат, што ќе беше поволно за екипата.
Конкуренцијата на Првенството беше голема, а потврда за тоа е што учествуваа над 700 каратисти од 13 европски земји.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.