Канал 8 ТВ
No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
No Result
View All Result
Канал 8 ТВ
No Result
View All Result

Средба на градоначалникот со директорите на училиштата за решавање на проблемите во образованието

Од Т. Ајтовски
22 јуни, 2018
во Некатегоризирано
Време на читање:1 мин.
A A

– Училиштата треба да направат организација како тие ученици ќе ги сместат. Во основните училишта веројатно тој проблем е помал бидејќи се работи за првоодделенци и паралелките во училиштата каде што нема доволен број ќе мора да се намалат, а ќе се соочиме со проблем што со наставниот кадар, проблем кој загрижува и тука навистина ќе мора да поработиме. Останува да се надеваме дека во вториот уписен рок, таму каде што има шанси да се подобри овој резултат со цел да ги одржиме паралелките што во моментот ги имаме на број, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

На состанокот со директорите на училиштата, градоначалникот Илијев побара став околу состојбата со училишните згради, посебно со санитарните јазли, за што е заклучено дека е потребна дополнителна помош од Министерството за образование. Притоа, во секое училиште ќе треба да се изработи проект за реновирање на она што е најкритично.

Исто така се разговараше и за проблемот со долговите за бесплатниот превоз на учениците.

– Се договоривме сите заедно да плаќаме услуга што ја добиваме, а не што не ја добиваме. Констатиравме дека плаќаме превоз на ученици кои воопшто не се возат, затоа бараме решение како овој проблем да го надминеме, во иднина да плаќаме само она што го добиваме, додале Илијев.

На состанокот во Општината се разговараше и за слабиот одзив за запишување во средното, но и во основното образование.

– Проблемот го гледаме во нискиот наталитет, како и бројот на иселеници што е актуелен во моментот, а третата причина е запишување на учениците во медицинското училиште, рече Игор Христов, директор на СОУ „Љупчо Сантов“.

– Во нашето училиште, „Никола Карев“ се запишани 41 ученик, опфаќајќи ги и подрачните училишта во Грдовци и Тркање и како што кажа колегата, една од причините за малиот број запишани ученици е малиот наталитет, иселувањето на младите во странство и едно болно прашање е реонизацијата. Значи, се разговараше за да се надминат тие проблеми и се надеваме дека ќе бидат надминати, рече Билјана Петрова, директор на ОУ „Никола Карев“.

Со оглед што проблемите во образованието се жешка тема, се очекува во нарендниот период да продолжат редовните средби на раководителите на образовните институции со градоначалникот и одговорните за образованието во Локаланата самоуправа.

T. Ајтовски

 

{fshare}

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 
https://www.youtube.com/watch?v=MQZQ5nrCBu0

{backbutton}

©2023 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Сподели30Tweet19

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Почна жетвата на оризот и во атарите на Тркање и Чифлик
Регион

Почна жетвата на оризот и во атарите на Тркање и Чифлик

Од Т. Ајтовски
23 септември, 2023
0

По минатонеделните први класје собрани во атарот на Зрновци, денеска жетвата на оризот почна и на полињата во Тркање и Чифлик. Земјоделската механизација веќе го собра родот на...

Прочитај повеќе
Ротари клубот Кочани – Виница мапираше 60 километри велосипедски патеки во регионот
Кочани

Ротари клубот Кочани – Виница мапираше 60 километри велосипедски патеки во регионот

Од Т. Ајтовски
23 септември, 2023
0

Ротари клубот Кочани – Виница го промовираше проектот „Авантури на две тркала – по патот на комарците“, чија цел е промоција на велосипедизмот, културно-историските, природните и другите обележја...

Прочитај повеќе
Sep 24, 2023 - Sun
Кочани, MK
31°C
17 km/h, SSE
30%
758.31 mmHg
НЕД09/24 ПОН09/25 ВТО09/26 СРЕ09/27 ЧЕТ09/28
30/21°C
26/18°C
28/16°C
25/16°C
27/16°C
EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица.
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?