Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Средба со соработниците и партнерите организираше компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ во рамки на одбележувањето на 10-годишнината од работењето

автор: Т. Ајтовски
24 октомври, 2023 13:26
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Средба со соработниците и партнерите организираше компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ во рамки на одбележувањето на 10-годишнината од работењето

Во рамки на одбележувањето на десетгодишнината од работењето компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ од Кочани денеска организираше средба со свои соработници и партнери од земјата и странство, на која присуствуваа и претставници на домашни државни институции, како и од раководството на американската корпорација „Амфенол“.

На свеченоста беше нагласено дека за една деценија компанијата, која почна како браунфилд инвестиција, има огромен напредок во обемот на производството и во финансиските резултати, но и во намалувањето на невработеноста во источниот регион на државата.

-Во октомври 2013 година една група од петнаесетина млади луѓе ја почна оваа успешна приказна на „Амфенол Технолоџи Македонија“, а во периодот што следеше се приклучуваа сè повеќе и повеќе, па денес стигнавме до близу три илјади вработени. Досега се инвестирани над 50 милиони евра, а се вброивме меѓу петте најголеми извозници и петте најголеми работодавачи во државата. Брзо реагираме на промените во условите за работење и ги прифаќаме и решаваме предизвиците. Благодарам за поддршката и помошта на сите соработници во изминатите десет години, затоа што заедно успеавме да ги постигнеме овие резултати, истакна Сашко Наков, директор на „Амфенол Технолоџи Македонија“.

Грижата за вработените во компанијата е врвен приоритет, за што е воведено приватно здравствено осигурување за секој работник и за членовите на потесното семејство да можат по најповолни услови да ги користат услугите на врвните приватни здравствени институции.

Директорот Наков додаде дека се води грижа и за заштита на животната средина преку акции за пошумување, а инсталирана е една и во тек е инсталацијата на втора фотонапонска централа за намалување на испуштањето на јаглерод диоксид во атмосферата.

Претставникот на корпорацијата „Амфенол“, Жан Лук Гавел нагласи дека пред десет години била донесена вистинска одлука за почнување со работа на компанијата во Кочани, која денес е повеќе од успешна приказна.

-Овде почнавме скромно, но со претприемништвото коешто се покажа како одлучувачки клуч во развојот на корпорацијата, а вие го направивте тоа апсолутно успешно, па денес со воодушевувње гледаме на огромниот успех. Иако во почетокот беше тешко, успеавме да ги убедиме нашите клиенти дека овде во Македонија е вистинското место да се инвестира, истакна Гавел.

По повод десетгодишниот јубилеј на „Амфенол Технолоџи Македонија“ им беа доделени награди и признанија на вработените со стаж од пет и десет години, беше организиран фудбалски турнир за екипи од осумте деловни единици на компанијата, а синоќа во паркот во Кочани се одржа и музичка вечер на која настапија Влатко Лозаноски и Гоца Тржан.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: амфенол технолоџи македонија

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Заврши проектот за психолошка помош што го поддржа Амбасадата на Германија по трагедијата во Кочани
Кочани

Заврши проектот за психолошка помош што го поддржа Амбасадата на Германија по трагедијата во Кочани

автор: Т. Ајтовски
15 јануари, 2026 13:43
0

Со пригодна свеченост што ја организираше Доброволното противпожарно друштво – Кочани беше означено завршувањето на проектот за психолошка помош за образовната заедница по трагичниот пожар во клубот „Пулс“,...

прочитај повеќе
Јавна поддршка доби иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на трибината што ја организираше Општина Кочани
Кочани

Јавна поддршка доби иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на трибината што ја организираше Општина Кочани

автор: Т. Ајтовски
12 јануари, 2026 22:37
0

Јавна трибина организираше Општина Кочани по иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за изградба на спомен-обележје на жртвите од трагичниот пожар во клубот...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 18, 2026 - нед
Кочани, MK
1°C
одвоени облаци
одвоени облаци
2 m/s, ENE
75%
772.57 mmHg
sun01/18 mon01/19 tue01/20 wed01/21 thu01/22
неколку облаци
6/0°C
чисто небо
4/-1°C
чисто небо
4/-1°C
облачно
6/1°C
облачно
6/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?