Дали таа пред извесно време, откако беше поставено советничкото прашање, пуштила пријава за имотот во кој живее со семејството? Дали тогаш може да ви веруваме на тоа што го пишувате – дека СИТЕ вработени целосно си ги измирувале даночните обврски?
Кога сам се наметнувате, а и поради тоа што новинарот треба да верува, но и да проверува, јавно ве прашувам вас, како поранешен вработен во Општината, а ги прашувам и Одделението за даноци, такси и надоместоци, службите за односи со јавноста, Градоначалникот и Општината:
Дали вие, Ратко Димитровски, ексградоначалник на Кочани, сте плаќале данок на имот на сè што поседувате: куќа, викендичка, компанија. Колку вкупно данок плаќате на Општината годишно? Дали по уплатата на данок, ви се враќани пари по некој основ? Дали, како што беше изнесено во јавноста, откако дојдовте за градоначалник, данокот на имот за вашата куќа бил намален, додека другите граѓани, „според новата методологија“, добија повисоки сметки?
Канал 8 сака да го види одговорот на овие прашања, уредно доставен во документација што ќе ја објавиме во целост. Затоа што, нели, вие бевте градоначалник што ја сака трансперентноста и одговорноста.
Ако никој од повиканите не нè удости со таква информација, ќе го користиме слободниот пристап до информации од јавен карактер. Oти нас, обичните новинари и уредници, никој нема да ни пушти документ „под рака“, онака како што тоа го прават општинските служби за вас. Таков е ставот на Канал 8 по демантот на ексградоначалникот Димитровски.
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=5t7iCnPcYc8
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.