Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Стоилковски го изработува вториот мурал на влезот во Кочани, ќе ја има црквата „Св. Георгиј“ и Споменикот на слободата

автор: Т. Ајтовски
10 јули, 2023
во Кочани, Култура
време на читање: 2 мин.
A A
Стоилковски го изработува вториот мурал на влезот во Кочани, ќе ја има црквата „Св. Георгиј“ и Споменикот на слободата

Академскиот уметник Дејвид Стоилковски од Куманово го почна сликањето на вториот мурал на влезот во Кочани, на потпорниот ѕид кај крстосницата на улиците „4 Македонска бригада“ и „Димитар Влахов“. Се работи за второ уметничко дело што тој го прави на оваа локација, а со тематика поврзана со македонскиот фолклор и карактеристиките на кочанскиот регион.

-Од претходниот мурал може да се види дека има елементи што се препознатливи за Кочани како што е оризот, жетварките и делови од грбот на општината, тие теми се поврзуваат и овде. На овој мурал дополнително ќе ја има црквата во Кочани и дел од Споменикот на слободата што го изработил Чемерски. Ќе има и човек кој жнее ориз, така што овие два мурали ќе бидат како диптих, како да се споени, иако се оддалечени стотина-двеста метра еден од друг, но тоа е таа тематика, истакна Стоилковски.

Со оглед што се работи за двојно поголема површина од муралот што претходно беше насликан на потпорниот ѕид кон улицата „Григор Прличев“ над стадионот, за сликање на овој мурал Стоилковски има мала помош од својот татко и од пријател од Кочани.

-Претходниот мурал го завршив за два дена, за овој ќе ми биде потребно малку повеќе, но ќе видиме. Зависи од временските услови, многу е топло, а има и други околности што се битни. Во разговори сум со одговорните во Општината да се направи и друг мурал, некаде во центарот на градот, но навистина да биде на височина за да е повпечатлив и видлив од далеку, додаде Стоилковски.

Пред да се определи професионално да се занимава со сликарството, Стоилковски пред десетина години, како средношколец почнал прво со цртање графити, а пред неколку години и со мурали. Негови дела можат да се видат и во другите македонски градови, како и во САД, Србија и во Босна и Херцеговина. Сепак, најдраг му е муралот на едно основно училиште во родното Куманово, а најбитен оној за магистерскиот труд што го изработил на Факултетот за ликовна уметност во Скопје.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: муралспоменик на слободатацрква „св. георгиј“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“
Кочани

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“

автор: Т. Ајтовски
24 мај, 2025
0

Во молк, без транспаренти и со фотографии од починатите деца, родителите и семејствата на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска во Кочани го оддржаа седмиот „Марш за...

прочитај повеќе
24-годишник од Кочани заработи притвор за убиство во обид
Кочани

Семејствата на жртвите во клубот „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

автор: Администратор
24 мај, 2025
0

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите. Преку исказите дадени...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мај 24, 2025 - саб
Кочани, MK
15°C
облачно
облачно
1 m/s, NE
91%
759.06 mmHg
sat05/24 sun05/25 mon05/26 tue05/27 wed05/28
-/15°C
слаб дожд
13/8°C
чисто небо
19/8°C
облаци
21/10°C
неколку облаци
21/12°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?