Одлична можност за успешно продолжување на спортската кариеа доби кочанскиот фудбалер Стојанче Велинов откако е договорен негов настап за клуб од Саудиска Арабија. Во фаза на потпишување е договоорт, со кој тој ќе ги брани боите на екипата „Најран“, која од следната сезона ќе се натпреварува во саудиската втора лига.
28-годишниот Велинов на 1. јули треба да отпатува во Саудиска Арабија каде ќе треба да ги мине лекарските тестови и официјално да стави потпис на договорот со новиот клуб.
Според информациите, екипата на „Најран“ во претходната сезона се натпреварувала во Првата лига, но не успеала да го задржи статусот. Во натпреварувачката сезона 2011/2012 и 2013/2014 тренер на овој клуб бил поранешниот селектор на македонската репрезентација, Ѓоко Хаџиевски.
Инаку, во својата досегашна кариера Стојанчо Велинов настапуваше за „Осогово“, во штипска „Брегалница“, потоа „Тетекс“, „Силекс“ и „Ренова“. Во Саудиска Арабија заминува откако му истече договорот за настап за скопски „Работнички“.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.