Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Судбината на градскиот базен во Кочани помеѓу правни лавиринти и барањето „најидеално решение“

автор: Т. Ајтовски
24 февруари, 2026 17:32
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Пред да истече 10-годишниот договор со „Водовод“ за стопанисување со градскиот базен, Општината потпишала договор за јавно-приватно партнерство во траење од 30 години

На денешната, десетта седница на Советот на Општина Кочани, една од клучните теми на интерес беше прашањето за (не)работењето на градскиот базен во текот на минатата сезона.

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, кој беше повикан да даде образложение за моменталната ситуација, истакна дека Општината работи „максимално“ за да се избегне повторување на минатогодишното сценарио кога градот остана без функционален базен.

Притоа нагласи дека уште од почетокот на неговиот мандат се водат разговори со концесионерот и правните служби за да се најде излез од сложената правна ситуација.

-На никој не му одговара и оваа година да нема базен во Кочани, истакна градоначалникот, критикувајќи ги политичките тензии во Советот кои ги нарече „театар“.

Според Грозданов, главната пречка за брзо решение е постоечкиот правен акт за концесија, кој мора да биде или регуларно раскинат или продолжен, предупредувајќи дека работата може да заврши на суд.

-Концесионерот си има своја приказна, неговите адвокати имаат нивно мислење. Нашата правна служба е пожртвувана по секоја цена базенот да работи, без разлика дали ќе биде како што е или било како, и веќе може да дојдат работите до суд. Ние не можеме на концесионерот да му кажеме ‘ти нема да го работиш’. Тој има право на основа за што да се брани, рече Грозданов.

Општината веќе три месеци била во процедура за решавање на овој спор, нагласувајќи дека мора да се почитуваат законските рамки за да се избегне „анархија“.

Во дискусијата беа разгледани неколку сценарија за понатамошно управување со базенот.

Едната опција е актуелниот концесионер да продолжи со работа, по што би бил повикан да го презентира својот план за организација. Втората опција, доколку тој се откаже, е барање на нов концесионер, при што градоначалникот навести желба за поголема вклученост на Општината.

-Дали ќе е приватно или јавно претпријатие, исто така правно мора да се постави. Ние ќе гледаме да може да е тоа под наша контрола, бидејќи сега вината е префрлена на самиот концесионер, додаде Грозданов.

Иако градоначалникот мораше набрзо да ја напушти седницата поради други обврски, тој истакна дека стои на располагање за дополнителни прашања во писмена форма, согласно деловникот за работа на Советот. Сепак, останува неизвесноста дали правните процедури ќе бидат завршени навреме за претстојната летна сезона.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Нова димензија на планинарењето и активностите во природа: Официјално промовиран извидничкиот одред „Никола Карев“ – Кочани
Кочани

Нова димензија на планинарењето и активностите во природа: Официјално промовиран извидничкиот одред „Никола Карев“ – Кочани

автор: Администратор
10 март, 2026 16:27
0

Традицијата на планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова форма со официјалната промоција на Извидничкиот одред - „Никола Карев“. Иако одредот функционира...

прочитај повеќе
Прекината наставата во првата смена во училиштата во Кочани поради лажна дојава за поставена бомба
Кочани

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани

автор: Администратор
10 март, 2026 11:38
0

Утрово во основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани била примена дојава за поставена експлозивна направа, што предизвикало вознемиреност и итна евакуација на дел од учениците....

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 10, 2026 - вто
Кочани, MK
5°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, E
67%
771.07 mmHg
wed03/11 thu03/12 fri03/13 sat03/14 sun03/15
неколку облаци
14/4°C
чисто небо
16/7°C
облаци
15/8°C
чисто небо
14/7°C
чисто небо
15/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?